Првиот саем за мажи „И мажите можат“ се одржа во Скопје

Првиот саем за мажи „И мажите можат“ се одржа во Скопје

Целта е да се заборави на таканаречените машки и женски домашни обврски
Овој настан е дел од поголема кампања која се нарекува вклучување на момчињата и мажите за родова еднаквост. Кампањата ќе се одвива во неколку фази, имаме повеќе пораки кои ќе бидат последователни од секоја фаза. Во оваа фаза сакаме да покажеме позитивни примери на татковство, како мажите може да ги споделат обврските во домот и да одекнеме во јавноста токму со овие позитивни примери. (00.25-0051) Ирина Јаневска, претседател на „АРНО“
Татковци учеа да создаваат креитивни игри за најмладите

Мажи со сукала во раце месеа и готвеа ужинка за деца

Момчиња и татковци учеа да пеглаат и пружаат алишта
Уште од тинејџерски денови работам домашни обврски заедно со мајка ми, воопшто не правам распределба на обврските во домот. Кај пеглањето научив две работи, конечно научив за што служи пареата и има една мала ивица кај пеглите тоа е за оние рабови да се потфатат кога се пеглаат кошули“ Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на Р.М.
Мажите успешно ги завршија зададените задачи и научија нови вештини

„Верувам дека повеќе од учесниците не знаеа и верувам дека научија доста како се пеглаат и како се диплат алишта и најосновно од се како се перат како се сортираат Александар Грујиќ, обучувач
Глобално жените се 40% од работната сила, но сепак извршуваат најголем дел од задачите во домот
На мажите кои не дојдоа им порачуваме во следните можности да се вклучат во вакви обуки каде ќе ги надградат своите вештини, да размислуваат на темата и да поттикнат дискусии со својот партнер/партнерка затоа што сметаме дека преку поттикнување на дискусија може да им пристапиме на овие проблеи и да работиме на нив.

Првиот саем за мажи „И мажите можат“ се одржа во Скопје

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.