Холанска амбасада: 25 години македонско - холандски односи

Првата холандска амбасада имаше свои канцеларии во една од собите на првиот кат во хотел Континентал и јас таму почнав да работам, во амбасада која се состоеше од четворица луѓе, амбасадорот, конзулот, колегата кој што беше возач на амбасадорот и јас .
На почетокот бидејќи бевме малкумина работев како секретарка и како преведувач , често се случуваше да сме сите тројца отсутни па амбасадорот да одговараше на телефонските повици во наше отсуство.

Дипломатски односи помеѓу Кралството Холандија и Македонија се воспоставени на 16 декември 1993 година

Првата амбасада е отворена во 1998 година
Потпишувањето на билатералните договори, на првите билатерални договори меѓу Кралството Холандија и Република Македонија беше организирано од оваа хотелска соба.
Амбасадата помина еден долг пат, од четворица луѓе, потоа имаше периоди кога растеше многу по бројот на вработените па потоа пак се смали меѓу тоа останавме на истата адреса на Ленинова, Аминта Трети, во зградата која сега и припаѓа на холандската амбасада и она што јас можам да кажам за себе после овие 20 години е дека никогаш не беше здодевно.

Пријателството помеѓу Холандија и Македонија постои долго пред да се воспостават дипломатските односи

Знаете што е интересно, Холандија и Македонија имаат долга историја зад себе. Во 70-тите години од минатиот век има холандски туристи кои го посетувале Охрид, едноставно затоа што е прекрасно место. Дури и некои од текстилните компании кои се уште произведуваат сега во 2018 постоеле уште од 1960.

Во Македонија досега биле именувани седум амбасадори на Кралството Холандија, а три од нив биле жени

„Конзуларниот одел е отворен од самиот почеток на отворањето на амбасадата. Како прво служиме на интересот на холандските државјани, а како второ сме во служба на интересите на македонските државјани во однос на регулирањето на визи.“

Холандија секогаш има подадена рака кон Македонија

Холандија е пријател и партнер на Македонија во добри времиња, но исто така и во тешки периоди. На пример, за време на конфликтот во 2001 бевме тука и нашиот висок комесар за национални малцинства Макс ван дер Штул направи големи напори за Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Холандија е најголем донатор на Македонија од земјите членки на ЕУ

Директната поддршка во грантови надминува 220 милиони евра

Го покриваме судството, обвинителството и полицијата како и СЈО. Холандија е еден од главните партнери, а имаме и наши експерти преку еден многу голем проект во вредност од 600,000 евра, трае повеќе од 3 години. Владеењето на правото е фокус за Холандија, како во регионот, така и во Македонија, но и пошироко на ниво на ЕУ.

Холандија со децении е значаен трговски партнер на Македонија

Двете земји се традиционално одлични трговски партнери. Години наназад Холандија е инвеститор број 1 во Македонија и холандските компании се присутни во неколку клучни сектори како ИТ, земјоделие и туризам.

Борбата за човековите права е императив за Холандија

Правата на ЛГБТ заедницата, правата на жените, но и борбата за поздрава животна средина се високо на агендата

Холандија сака да ја види Македонија како пријател, но и како партнер во ЕУ

Она што е важно за нас е дека ние сме строги, но фер. Строги сме затоа што сакаме да ве видиме како партнери, не само како пријатели. Јас сум многу задоволен со улогата што можеме да ја имаме овде , благодарение исто така на македонското општество, земјата и општеството се фантастични да се работи овде како амбасада, но и благодарение на одличниот тим кој го имаме овде во Македонија.

Холанска амбасада: 25 години македонско – холандски односи

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.