Хокеј

Хокеарите кои го освоија „Девелопмент купот” во Фисен, Германија се вистинско спортско освежување

Пред овој успех веројатно малкумина знаеа дека Македонија има хокејска репрезентација

Големото достигнување е нивна најсилна порака дека треба да се изгради хокеј арена

Тоа е еден од условите за да можат да се натпреваруваат во повисок ранг

Да го споредиме со фудбал, еден од најпопуларните спортови, девет месеци да немаш игралиште, да имаш само три месеци тоа ќе биде многу слабо. Мислам дека доволна порака беше тоа после девелопмент купот што го освоивме. Имаше многу споделувања на фејсбук и мислам дека стигна до сите што требаше да стигне. Сега следниот чекор е на нив.

Хокеарите тренираат на лизгалиштето кај СЦ Борис Трајковски само два месеци

Останатиот дел од годината немаат услови и се фокусирани на кондициски подготовки

Од Агенцијата за млади и спорт добиле ветување дека лизгалиштето ќе биде приспособено според повисоки стандарди

Да се приспособи да биде за 2.000 гледачи и осум кабини за да ги исполнуваме условите за да можеме да се натпреваруваме во повисокиот ранг. (48-56) За нас е најважно да бидеме заедно на мраз, да имаме штеки, да имаме пак бидејќи тоа е најважен елемент во хокеј. Поважно од тоа нема во хокеј.

„Дивелопмент Купот” се одржува за репрезентации на земји кои не учествуваат на светски првенства и немаат затворена сала

Македонската репрезентација имаше пет победи во пет натпревари

Хокеј

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.