ХИВ

Видео од некоја светска метропола, na пример Сан Франциско
Според проценката на UNAIDS заклучно со 2018 година, во светот живеат 37,9 милиони луѓе со ХИВ.
Видео од Скопје, општи кадри екстериер со луѓе кои одат по својот пат
Македонија е земја со ниско ниво на епидемијата на ХИВ.
До септември 2019 година во Македонија се регистрирани вкупно 448 случаи на ХИВ
(Извор: Институт за јавно здравје)
Видео од болница, ентерирер, медицински персонал
Во последните пет години во просек се регистрираат околу 40 нови случаи на ХИВ годишно.
Видео од пар во интимна атмосфера, искажуваат нежности (да не биде сексуален чин бидејќи ќе има проблем со бустирањето на Фејсбук)
Секој незаштитен сексуален однос е потенцијален ризик за инфекција со вирусот.
Видео од ХИВ-тест (ќе се усними во „Заедно посилни“)
Единствениот сигурен начин да го дознаеш својот ХИВ-статус е да направиш ХИВ-тест.
Тоа можеш да го сториш анонимно, брзо и бесплатно во повеќе јавни здравствени установи и граѓански организации низ државата.
Најдобро е тестот да го направиш штом поминат три месеци од ситуацијата кога си можел/а да бидеш изложен/а на ХИВ.
Видео анимација, набројување на течностите преку кои се пренесува ХИВ
ХИВ може да биде пренесен само преку пет телесни течности: крв, семена течност (сперма), претсемена течност, вагинален секрет и мајчино млеко.
До инфекција може да дојде само доколку извесно количество од овие течности дојде во контакт со крвотокот на ХИВ-негативно лице.
ТОНСКО – DSC_6837 (тајм код: 0.34 – 1.28) – д-Р Милена Стевановиќ ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ
ХИВ не може да се пренесе преку допир, гушкање, бакнување, користење ист прибор за јадење и пиење, користење ист тоалет, заедничко капење во када или базен, разменување облека и слично. ХИВ исто така, не може да се пренесе при сексуален однос без кондом со ХИВ-позитивно лице што редовно прима антиретровирусна терапија и што има недетектабилно ниво на вирусот најмалку 6 месеци наназад. Кај сите лица што почнуваат терапија и редовно ја земаат се очекува да се постигне недетектабилен вирус во рок од неколку месеци од почнувањето со терапија. Делотворноста на АРТ оди дотаму, што ХИВ-позитивна мајка може да роди ХИВ-негативно бебе. Во нашата земја, има 2 случаи на храбри мајки со ХИВ-позитивен статус кои на свет донесоа ХИВ-негативни новороденчиња. Да го знаеш својот ХИВ-статус значи да имаш пристап до терапија, лекување и поддршка.
Видео од кондом или маж кој отвора кондом (за пример клик овде)
Најлесно достапен начин да се заштитиш од ХИВ е користењето кондом.
Постојат уште два важни начини на превенција на ХИВ што ги користат ХИВ-негативните лица, познати како ПрЕП и ПЕП.
Видео од дечко со ПрЕП таблета (задолжително да биде плава таблетата), ја држи во рака и потоа ја пие со вода (за пример клик овде)
ПрЕП е заштита во форма на таблета што се зема пред да бидеме изложени на ХИВ.
ПЕП е заштита што се зема откако сме биле изложени на висок ризик од ХИВ.
Тоа се антиретровирусни лекови што се земаат веднаш по ризикот во тек на еден месец и можат да спречат да се развие ХИВ-инфекцијата
ТОНСКО – DSC_6792 (тајм код: 2.2 – 2.55) – Андреј Сених, извршен директор на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ
Да ја откриеш што порано својата ХИВ инфекција, значи да можеш веднаш да почнеш со терапија, а со тоа можеш да имаш здрав, квалитетен и долг живот. Важно е да се знае, дека денес, во Македонија е бесплатно достапна современа терапија за ХИВ инфекцијата во согласност со препораките на Светската здравствена организација и со Европските препораки. Постои сеопфатна здравствена грижа, постои психо-социјална поддршка, се разбира, за оние на коишто таа им е потребна. Сето ова е достапно на едно место, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде што работи еден навистина високо професионален, пријателски настоен и доверлив, тим од лекари специјалисти за оваа проблематика, медицински техничари, психолог и социјален работник. Верувај ми, заедно сме посилни!

Видео од кутивчиња со таблети бели, розеви… (за пример клик овде)
Терапијата за ХИВ-инфекцијата се состои од таблети и се нарекува антиретровирусна терапија (АРТ).
Таа го спречува размножувањето на вирусот и го намалува неговото количество во крвта до немерливи вредности.
Видеа од витален дечко, здрав живот, пријатели, насмеани лица
На тој начин, имунолошкиот систем на човекот има можност да се обнови и повторно да почне да ја врши својата функција непречено.
АРТ овозможува да живееш квалитетно и долго, да бидеш работоспособен и да се грижиш за своите блиски.
Кога се зема редовно, АРТ оневозможува да го пренесеш вирусот на твојот партнер(и) по сексуален пат
ова е познато како ‘терапијата како превенција’
Видео од доктор што препишува терапија (за пример клик овде)
Лековите како дел од антиретровирусната терапија за ХИВ се достапни и целосно бесплатни во Македонија.
Тие се добиваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде што се одвиваат и редовните контроли.
Д-Р Румена Ѓердовска ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни заболувања и фебрилни состојби
Да се живее со вирусот денес е многу различно од она што било пред 30 години. Денес ХИВ се споредува со хронична болест, како што е дијабетот или срцевото заболување, односно состојби што може успешно да се менаџираат со помош на терапија. Со навремено почнување и редовно земање на терапијата се очекува дека повеќето луѓе можат да имаат просечно долг и квалитетен живот како и луѓето кои немаат ХИВ.
ХИВ нѐ засега сите нас! Затоа е многу важно да се преземат сите мерки за превенција и да се практикува редовно тестирање за ХИВ.

ХИВ

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.