Објекти ГТЦ, МОБ и НУБ

Уставниот суд привремено спречи објектите на ГТЦ, МОБ и НУБ да бидат „обновени“ во барок
Постапакта е запрена се додека судот не донесе конечна одлука
Иницијативата ја поведоа граѓански организации предводени од „Го сакам ГТЦ“
„Аргументите се доволно тешки, доволно јасни и доволно важни штом Уставниот суд одлучи да поведе постапка за преиспитување на уставноста“, Даница Павловска, неформална иницијатива „Го сакам ГТЦ“.
Битката за спас на ГТЦ трае повеќе од две години
Имаше референдум и герила акции за да се спречи промена на имиџот на објектот
Граѓаните ова го сметаат за почетот на институционалната победа
„Токму вчера беше еден ден на радости, можеби малку сентиментален, но очекувајќи позитивен епилог, конструктивни и добри одлуки по нашата иницијатива докрај, но и еден знак дека еве дека се пројавува разбирање за некакви вистини зад кои стоиме“,Даница Павловска, неформална иницијатива „Го сакам ГТЦ“

Објекти ГТЦ, МОБ и НУБ

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.