Млади уметници на графичката работилница "Софија"

Богданци на крајот на летото добива 15-тина привремени жители
Млади уметници од регионот се собираат во малото место на југот на Македонија

Учествуваат на Графичката работилница „Софија“од 23 август до
3 септември

Единствената работилница од ваков тип во регионот зад себе има десетгодишна традиција

Идејата ја добил Виктор Семенпеев додека студирал на ликовна академија во Нови Сад

Виктор Семенпеев, организатор на Графичката работилница
Мене ми дојде таа идеја како млад уметник да ги соберам моите колеги прво, така беше експериментално почната таа прва работилница, да работиме неколку дена и така прерасна таа идеја во она што е денес.

До сега свој печат имаат оставено над 160 графичари од девет земји

Улогата на ментори ја имале истакнати професори од академиите во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб и Сараево

Тони Васиќ, ментор на графичката работилница
Тука практично учат едните од другите, го учат пристапот кон ликовната графика, пристапот кон некакви технички, ај да не речам можеби иновации кои ги носи новото време и новите технологии, во судир со традицијата и оние строги граници кои ги носи графиката сама по себе.
Графиката бара специфична опрема за творење

Богатството на работилницата се условите за создавање на сите графички техники

Најголемата придобивка за уметниците е размената на искуства

Вида Меиќ , учесник од Хрватска
Тука навистина можеме да разменуваме идеи и техники, а мислам дека за графиката тоа е примарно и најзанимливо, со оглед на тој неописливо голем дијапазон на можности. Во одредени градови се воспоставил некој начин на работа и потоа секогаш е навистина интересно да се види на кој начин во другите градови и на другите академии работат.

Тереза Владислава, учесник од Полска
Мислам дека оваа работилница е уникатна, бидејќи можеш да ги пробаш сите видови печатарски техники. Има избор на хартии, алатки. Тоа е една од работите што ја прават толку атрактивна.
Работилницата „Софија“ покрај културна и едукативна има и општествена улога

Локалните ученици беа дел од едукативна работилница водена од ментор од Хрватска

Виктор Семенпеев
Имаше деца од основните училишта и од средните од Богданци, Стојаково, Селемли, Валандово. Беа околу 25 учесника и тоа беше едно интересно доживување и за нив и за работа со децата беше супер. На крај, од тие пет дена работење беше направена изложба на која беа прикажани делата што ги сработија децата.
Една од целите е запознавање на публиката со „тајните“ на графиката
Тони Васиќ
Организираме една патувачка изложба која оди скоро во десетина места низ Македонија. Оваа година беше одржана дури и изложба во Сараево, следната ќе биде одржана во Нови Сад, колку што јас сум запознаен од организаторите на изложбата.
Плод на десетгодишната работа е фондот од над 500 уметнички дела

Млади уметници на графичката работилница “Софија”

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.