„Мој воздух“

Ние заради тоа загадување сме натерани да седиме цело време затворени дома, да се плашиме со маски.
Тоа може да има и физички и психички последици по нашето здравје
Сега со короната дознавме што значи тоа континуирано да го правиме, и доколку реално не пристапиме кон решавање на овој проблем, ќе мора да се навикнеме дека вакво носење маски и седење дома со прочистувачи ќе треба да стане една реалност.
Меѓународниот ден на чистиот воздух и синото небо
не треба да е единствениот ден кога се размислува за аерозагадувањето
Отворените податоци достапни на апликацијата „Мој воздух“
ги мобилизираат граѓаните, но тоа оди потешко со властите
Ние правиме мали промени, мали оптимизации. Не можам да негирам дека нешто не се случува во државата, но вистинските големи чекори коиштo треба да ги направиме и коишто ќе направат рaзбранување во oдредени сектори и општини се нешто штo стагнира веќе подолг период, дали од немање ресурси, од немање вистински акционен план или од немање храброст не се преземаат.
Горјан, но и граѓаните сѐ помалку веруваат
во ветувањата запишани на хартија
На земјава ѝ недостига сериозна студија и лоцирање на изворите на загадување
Верувам дека доколку се направи вистинска екстерна студија и се провери колку доаѓа од домаќинствата, колку доаѓа од автомобилите, колку доаѓа од индустријата, тогаш навистина ќе може да се рече – добро, треба да се фокусираме на овој сектор и ова е најголемиот сектор во моментот и понатаму да се изнајдат решенија за тоа. Сега верувам дека трчаме во слепо и пробуваме да решиме проблеми лево-десно, без реално и конкретно да знаеме од каде навистина потекнува.
„Мој воздух“ стана меѓународна апликација,
присутна во Европа, Русија и САД
Податоците можат да послужат за споредба
И за пронаоѓање на соодветен модел за решавање на ова прашање,
Кое во месеците што претстојат ќе биде покритично.

„Мој воздух“

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.