70 години минаа од раѓањето на последниот македонски цар – Ѓорѓи Колозов.

Честити царе и свате, иии свате? Не треба да се лутиш, оти не ти пуштив пари за данокот. Ииии… Оти ги поарчив за свадбата на син ти. Син ми? Каков син ми? , Ѓорѓи Колозов (Епизода „Царот и овчарот“)
70 години минаа од раѓањето на последниот македонски цар – Ѓорѓи Колозов
По дипломирањето, во 1975 актерот се приклучува на Македонскиот народен театар
Го гледавме на штиците што живот значат, но и на филмското платно
Полицаец: Како погрешивме мајката. Овде значи нема ниеден крадец. Сите се светци. А?
Лале (Колозов): Кој вели дека нема арамии?
Полицаец: А? Има ли?
Лале (Колозов): Има, ама не се во ќорка. , Ѓорѓи Колозов (Сцена од филмот „Тетовирање“)
Препознатлив стана по улогите во „Македонски народни приказни“
Од 1984 Колозов сними 300 епизоди
РЕПЛИКА
Ѓаволот (Колозов): Пријателе!
Клисарот: Кој си?
Ѓаволот (Колозов): Ти мене ми запали кандило?
Клисарот: Аха
Ѓаволот (Колозов): А јас сега ќе направам за тебе уште поголема добрина, Ѓорѓи Колозов (Епизода „Ѓаволот и клисарот“)
Партнер во животот, но често и во професијата му беше сопругата Шенка Колозова
Колозов: Зошто да не можам? Сигурен сум. Раскомотете се и повелете седнете.
Шенка: Чекај, чекај. Пред да седнам уште еднаш да прашам. Сигурен ли си ти дека можеш ладна да ми направиш, сега или не можеш?
Колозов: Абе не бери гајле, ти само седни и кажи ми кај ти е главата, Ѓорѓи Колозов и Шенка Колозова (Батко Гого нема пари – куси смешни приказни)
Колозов беше и остана голем актер-цар на македонската сцена
Така било пишано. Убаво е. Ајде сега, со благослов, да се подготвиме и да се кинисаме на пат. Најубавите алишта подготви ми ги. Ајде, ајде! , Ѓорѓи Колозов (Пишман ќе бидеш и вака и така)

70 години минаа од раѓањето на последниот македонски цар – Ѓорѓи Колозов.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.