Ѓорѓе Иванов во заминување

Ѓорге Иванов е на крајот од вториот мандат како шеф на државата
По десет години ќе ја напушти претседателската резиденција
Од некои беше оспоруван како неконсензуален избор и послушник на претходната власт
Од други воздигнуван како бранител на македонскиот идентитет и демократија
Последните неколку години ги донесоа и најдраматичните моменти од неговото делување
Предизвика политички земјотрес во 2016 година со аболицијата на осомничените во случаите на СЈО
Аболицијата ја повлече додавајќи пламен на протестите и на шарената револуција
Претседател на Република Северна Македонија.Меѓу опфатените има многу мои политички поддржувачи и многу мои политички противници, но не поаѓам од моите лични позиции туку од државните интереси.
Државата влезе во политички ќорсокак откако не му даде мандат на Зоран Заев за состав на Влада без гаранции
Имаше конфликт со парламентарното мнозинство и околу Законот за јазици и останатите закони кои му беа доставени со новото уставно име
Случувањата на 27 Април во Собранието и непотпишувањето на указот за Договорот од Преспа повторно го ставија во центарот на вниманието
Претседател на Република Северна Македонија – (Декември 2018) – Никој не може да ми го одземе личното право да се самоидентификувам како Македонец, но без правото на самоопределување, самоидентификацијата нема правно дејство. (21:58-22:08) Вие го лишувате македонскиот народ од формалното колективно право на идентитет и се задоволувате со формалното индивидуално право на самоидентификација. (22:24-22:34)
Во текот на двата мандати Иванов предизвикуваше внимание и со несекојдневните изјави
Претседател на Република Северна Македонија – Со претседателот Обама се поздравивме намигнувајќи.
Ѓорге Иванов – Претседател на Република Северна Македонија (Април 2009) – Разумен компромис е разумен компромис. Што значи разумен компромис? Тоа е разумен компромис. Не можам да ви објаснувам сфатете го.
Ѓорге Иванов – претседател на Република Северна Македонија -Нашата демократија е како космодиск демократија. Можеби на некого шашаво му делува, но Македонија функционира.
Вториот мандат на Иванов завршува на 12 Мај

Ѓорѓе Иванов во заминување

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.