Поплави (ГИЗ)

Ефикасниот систем за предупредување од можни ризици од поплави е клучен во справувањето со вакви природни катастрофи
Климатските промени последните години на Балканот го зголемуваат ризикот и налагаат прекугранична соработка
Детектирањето на критичните области е важно
Локалното население мора да биде информирано и подготвено за реакција
Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) од 2012 година им помага на државите од Западен Балкан за полесно управување со ризиците од поплави
Во фокусот на ГИЗ се четирите земји од басенот на реката Дрим: Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија
Герит Боденбендер – Проект менаџер – Ги поддржуваме четирите земји од басенот на Дрим: Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија Тие ја делат оваа река која почнува овде во Струга. И кога зборуваме за поплавите соработката преку граница има смисла. Бидејќи доколку тие очекуваат интензивни дождови околу Охридското езеро, луѓето во Скадар близу Јадранското море треба да бидат информирани и да бидат предупредени бидејќи оваа вода ќе дојде до нив и може да ги поплави нивните домови.
Примената на искуствата од ЕУ, зајакнувањето на институциите и предупредувањето на населението се едни од најголемите придобивки од прекуграничната соработка
ТОНСКО:Поплавите секогаш ќе се случуваат. Не можеме да ги спречиме поплавите. Но можеме да бидеме подобро подготвени. Можеме да го менаџираме ризикот. Да знаеме што претставува опасност и како да ја намалиме опасноста и ризикот.

Поплави (ГИЗ)

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.