ГЕТ велосипед

Македонски студенти создадоа електричен велосипед што го намалува аерозагадувањето

На тркалата има филтри кои додека возите го прочистуваат воздухот

Велосипедот во суштина претставува електричен велосипед во кој се вградени проактивни филтри кои битно да напоменеме е дека не се поврзани со електричниот велосипед. Во суштина може да се интегрираат на речиси секој друг велосипед.

Велосипедот е наменет односно замислен да биде како целина од еден градски транспортен систем односно јавен транспортен систем кој би бил достапен за користење на граѓаните.

Прототипот на ГЕТ-велосипедот го создадоа шестмина студенти и професор од Машинскиот факултет.

„Преминавме кон соработка со компанијата Венито Комерц, а подоцна проектот беше поддржан од Фондот за иновации, а со самата изработка на прототипот започнавме пред околу шест месеци.“

„Финалниот производ во споредба со овој производ не би бил драстично различен со тоа што би имало одредени подобрувања во перформансите на самиот велосипед односно на моторот, на рамката, на софтверот, а потоа дополнителна оптимизација на самите филтри на велосипедот“

Студентите се надеваат дека Градскиот еколошки транспорт или ГЕТ ќе биде иднината на транспортот во Македонија

ГЕТ велосипед

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.