Финансиска писменост за идни пензионери

Најголем дел од вработените во земјава веројатно повеќепати во текот на работниот век помислиле на денот на нивното пензионирање
Младите за тоа што значи пензиски систем треба да се запознаат уште на првиот работен ден
Според законите, мажите одат во пензија со 64, а жените со 62 години
Сите вработени за да го остварат правото на пензија треба да имаат минимум 15 години стаж
Пензискиот фонд го сочинуваат уплатите од придонесите на идните пензионери
Пензискиот систем во Македонија е трислоен, односно составен од три пензиски столба
Во пензискиот столб се собираат средствата од придонесите од пензиските фондови
Задолжителниот државен пензиски фонд ПИОМ го сочинува првиот пензиски столб
Во него се уплаќаат 20% од придонесите од бруто платите на вработените
Вториот и третиот пензиски столб го сочинуваат приватните пензиски фондови
Во вториот пензиски столб членуваат сите граѓани вработени по 1 јануари 2003 година
Вработениот има право да склучи договор со пензиските друштва три месеци по вработувањето
Во спротивно тој ќе биде распределен по случаен избор
И овој столб се финансира со уплата на средства од бруто платата на вработените
Со тоа што 12% од бруто платата и натаму се уплаќа во ПИОМ, а 7 % во приватниот, втор пензиски столб
Тие средства се акумулираат и потоа пензијата на идниот пензионер се исплаќа од два фонда
Односно, средствата од вториот фонд ги добива заедно со оние од првиот
Акумулираните средства од идните пензионери во фондот можат да се инвестираат за да се зголемат
Друштва за управување раководат со овие средства кои се чуваат на посебна сметка во банка
Сепак, тие не се целосно слободни во управувањето на средствата
Нивната работа ја надгледува Агенција за супервизија на капиталното пензиско осигурување
Корисникот има право да ги користи средствата од пензиските фондови по остварувањето на правото на пензија
Ако немате стаж од најмалку 15 години, средствата од вториот пензиски столб можете да ги користите откако ќе наполните 65 години
Ако останете без работа и натаму сте член на вториот пензиски столб, а вашата пензија ќе зависи од новата уплата на средства
Разликата во првиот и вториот пензиски столб е што за членување во првиот столб лицето мора да биде вработено
Во вториот столб може да членува било кое лице од 15 до 70 години
Висината на пензијата која ќе ја добие осигуреникот, кој бил член на првиот и вториот пензиски столб , зависи од должината на стажот, возраста и полот
Вкупниот износ на средствата од вториот пензиски столб се префрлаат на сметката на првиот и исплатата на пензијата се врши преку фондот на ПИОМ
Третиот пензиски столб го сочинуваат приватните пензиски фондови во кои осигуреникот членува доброволно
Овој трет столб нуди можност за повисока пензија на оние кои можат да членуваат
Се полни со средства од приходите на осигурениците уплатени доброволно
Самите осигуреници одлучуваат колку средства ќе уплаќаат и кога ќе уплаќаат
Тука можат да членуваат лица од 15 до 70 години, а пензионерите не можат да бидат дел од него
Овие средства, осигурениците можат да ги користат најрано десет години пред остварувањето на правото на старосна пензија

Финансиска писменост за идни пензионери

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.