Граѓаните ќе ја обликуваат културната политика во Македонија

Граѓаните ќе ја обликуваат културната политика во Македонија
Стратегијата за културен развој од 2018 до 2022 се дебатираше на Форумот за политики
Целта беше да се зголеми граѓанското учество во развојот на културните политики
Во наредните месеци, до крајот на годината, ни престои интензивна и напорна заедничка работа. Не само за осмислување на Стратегијата за развој на културата за периодот од 2018 до 2022 година, туку и за нејзино поконкретно операционализирање. Што го вклучува и дизајнот на новата годишна програма за 2018-та, на новите конкурси и критериуми кои треба да обезбедат далеку поголема вклученост и пристап за сите оние кои сакаат да создадат и да вкусат култура и уметност, Роберт Алаѓозовски (Министер за култура)
Хрватска е посочена како пример за развој на културните политики во регионот
Во Хрватска, особено на почетокот на 2000 кога имавме промена од строга дефинирана национална политика, кон политички пристап на полиберална влада. Овој процес на некој начин демонстрираше дека во постсоцијалистичкиот контекст каде што доминираше национализмот, ние воглавно имавме само една шанса да изградиме цврста позиција на промена. Ова е една шанса, верувам дека се случува сега во Македонија, Теодор Целакоски (културен работник и активист од Хрватска)
На форумот беше презентирана стратегијата и механизмите за учество на граѓаните
Нашата заложба е јасна. Култура до сите, култура за сите, култура во којашто учествуваат сите. Граѓаните што поблиску до и во културата. Културата во секој дел на Македонија, за сите граѓани подеднакво, Роберт Алаѓозовски (Министер за култура на РМ)
Форумот беше поддржан од УСАИД преку Проектот за граѓанско учество (CEP)

Граѓаните ќе ја обликуваат културната политика во Македонија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.