Фулиш Грин

Бендот Фулиш грин го изгуби целиот снимен материјал и инструментите во пожарот во 2016 во зградата на „Макотекс“

Пожарот ги успори во работата, но бендот се издигна како феникс од пепелта

„Морав да заминам на извесен период, неколку години во странство, поради магистерски студии и работа. А втората причина е што изгубивме речиси готов материјал за издавање, поради неколку непредвидени работи, како што беше непосакуваниот пожар во нашето студио. Меѓутоа, тоа не значи дека сме застанале или сме прекинале. Ние како индивидуи, сите сме активни на музички план. Јас неретко работам на филмска музика, работам и со бендот Легијата. Додека останатите членови на Фулиш грин, работат на свои проекти и други групации, како што се: Filch, The mole pack, Онија и така натаму. “

Пред паузата, Фулиш грин имаа многу концерти, настапи и турнеи

„Sun is gone“ беше избрано меѓу најдобрите регионални изданија според порталот „BalkanRock“

Деби албумот „Escape“ доби позитивни критики, а во рецензија во Хрватска беа оценети како „најдобар бенд на светот“

Тука може да оди принт скрин со извадок од рецензијата на музика.хр од „Она што се Палма Вајлетс…“

Ненад, Дарко, Стефан, Теодор и Гишо годинава ја продолжуваат психоделичната поп и рокенрол приказна

Фулиш грин планира да се врати во живот со вториот албум „Soul revival“

„Сè уште работиме на креирање на финалниот концепт на албумот, бидејќи ќе биде малку изменет од тоа што претходно беше предвидено. Бидејќи помина извесен период и се чувствуваме малку поразлично во однос на некои работи, позрело, да не речам повозрасно. Меѓутоа, општиот амбиент ќе биде типичен „фулишгрински“, музика инспирирана од животот, смртта, љубовта, секојдневието и така натаму.“

Фулиш Грин

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.