Финансиска писменост - Платежни картички

Што се тоа платежни картички и како се користат?

Платежните картички се замена за кеш

Безмалку секој граѓанин во земјава има барем по една картичка во својот паричник

За правилна употреба потребно е да се знае како функционираат платежните картички и какви картички постојат

Се користат при купување на стоки и услуги на местото на продажба или пак преку интернет

Се користат и за повлекување готовина од банкомат

Постојат дебитни и кредитни картички, но што е разликата помеѓу нив?

Дебитните картички се поврзани со банкарската сметка на корисникот

Му овозможуваат на носителот да повлекува готовина од неа или да плаќа при купување на стоки и на услуги

Во превод, клиентот ги троши парите што ги има на сметката или дозволено пречекорување од една до две плати

Со тоа корисникот се задолжува на банкарската сметка со која е поврзана дебитната картичка
Задолжувањето на банкарската сметка може да биде без одложување или со утврдено временско одложување

Дебитните картички се најраспространетиот вид платежни картички во земјава

Кредитните картички пак му обезбедуваат на корисникот кредитна линија и можност за одложено плаќање

Во превод, клиентот ги троши парите што банката му ги позајмува

За тоа клиентот плаќа и камата која всушност е цената што се плаќа за позајмување на парите

Големината и траењето на кредитна линија е предмет на договор меѓу сопственикот на кредитната картичка и издавачот на кредитната картичката

Најчесто каматите на кредитните картички се повисоки отколку оние на дебитните

Во земјава употребата на кредитните картички е релативно помала во однос на употребата на дебитните картички

До септември 2018 во земјава имало 1.445.725 дебитни картички

До истиот период во употреба биле 369.069 кредитни картички

Употребата на платежните картички е безбедна ако се придржувате до основните совети за нивна употреба

Запомнете го и никому не го кажувајте безбедносниот ПИН код

Следете ги трансакциите што ги правите со вашите платежни картички

Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат

Финансиска писменост – Платежни картички

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.