Филип Величковски со целосно слепило во игрите бaра авантура, а во реалниот живот води жестока битка

-Има една игра која е многу огромна и се вика crazy party. Таму има како светови и има мали игри. Во таа игра едноставно има светови и има модови. И си бирам мод. Дали сакам мод на табла, авантуристички или битка. Јас избрав авантуристички.
Филип Величковски (10) има целосно слепило на двете очи
Во игрите бaра авантура, но во реалниот живот води жестока битка
Филип е предвреме родено дете во 28 гестациска недела
Kислородот во инкубаторот бил причина за одлепувањето на ретината по што Филип добил ретинопатија од петти степен
Оди во училиштето за деца со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје
Го усовршува талентот за многу други активности, пливање, хармоника и клавир
Вози велосипед, игра на компјутер и адаптирани друштвени игри, чита на браево писмо, учи англиски, а знае и германски јазик
Филип сонува како и секое дете
– Ми треба големо игралиште без никакви препреки, но без трева. Некој поголем спортски терен, ама го немам тоа. Сакам сам да си возам. Јас најмногу сакам да бидам пилот. Да одам во Лондон и да одам во компанијата која што прави игри. Јас слушам Хари Потер понекогаш.Една учителка ми кажа. Го обожавам Хари Потер и ми кажа дека можам да отидам во неговиот свет во таа станица King’s Cross. Треба да одам меѓу пероните 8 и 10 и да отидам право. Има автомат за карти кој ќе стане железо и ќе пишува перон 9 и ¾.
Филип бил на четиринаесет контроли и интервенции во Белгија поради внатрешно крварење и очен притисок
Родителите бараат помош од надлежните институции со цел да им се олесни секојдневието на децата како Филип
– Потребни ни се звучни семафори. Конкретно нема ниту еден во Аеродром и Ново Лисиче. Потребни ни се звучни постројки, потребни се учебници и литература на браево. На пример да речеме превоз до школо. Еве прилика да го замолиме ресорното министерство да се обезбеди превоз за децава меѓутоа да го регулира превозот не како паричен надоместок туку со организиран превоз, организирано возило кое што би ги зимало децава од дома и би ги враќало до дома. Кога би имало организирано возило нормално дека треба да има и придружник.
Задоволни се од третманот во училиштето, но сакаат да функционира според сите стандарди
Со сензорен двор, градина за ориентација, игралиште, браева машина за секое дете, звучна литература, повеќе часови по ориентација и физичко воспитување
И покрај слепилото Филип е голем борец-го гледа светот со своето срце

Филип Величковски со целосно слепило во игрите бaра авантура, а во реалниот живот води жестока битка

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.