Филип Величковски (4 дел)

Многу сум среќен бидејќи ќе одам во Лондон и Мојот херој Хари Потер

Ќе одам во Лондон. Среќен сум. Добив виза. Многу сакав да одам во Лондон и конечно тоа се исполни. Мoјот сон стана реалност благодарејќи на видеата на Види Вака, благодарејќи на британската амбасадорка и владата.

Најголемата желба на Филип Величковски да ја посети станицата King’s Cross на неговиот херој Хари Потер станува реалност

Тој и неговата мајка конечно добија британска виза, откако еднаш беа одбиени

Приказната на Филип ги поттикна институциите да делуваат за да се надминат бирократските пречки

Министерството за надворешни работи преку Види Вака го контактираше семејството

И британската амбасадорка се одзва на повиците на јавноста и се заложи за исполнување на сонот

Со нивна помош повторената апликација за виза беше успешна

Филип и Лили во Лондон ги очекува Александра Гаралоска која ги плати трошоците за патувањето

Таа го снабди училиштето за деца со оштетен вид Димитар Влахов со неопходни реквизити

Филип има целосно слепило бидејќи ретината на очите му се одлепила од кислородот во инкубаторот

Тој има порака до сите деца кои имаат желби и до нивните родители

Ќе им порачам на сите деца да бидат стрпливи. Исто така и нивните родители да бидат стрпливи и да го остварат својот сон.

Филип Величковски (4 дел)

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.