Електрично Фиќо

Популарното „фиќо“ се врати на македонските патишта со електромотор
ББ Класик Карс направија модерна верзија на моделот „Застава 750“ од седумдесетите години на минатиот век
Главен мотив им бил намалувањето на загадувањето на воздухот
ТОНСКО: Ален Јегени – ББ Класик Карс – Електричните возила се единствената издржана алтернатива за аерозагадувањето. Од тука ни беше поттикот да го направиме ова возило коешто има нулта емисија на јаглерод диоксид. (6-20) Ова возило е тивко возило значи нема никаква бучава. Буквално кога ќе влезеш во него и да се возиш во него имаш чувство како да си без гравитација. (36-44)
ЗАС Г -20 има еко мотор кој не емитува штетни честички
Автомобилот има обновена каросерија и сите неопходни внатрешни делови за да може да функционира на струја
Има асинхрон 20 киловатен мотор кој се полни за три и пол часа
Со едно полнење можат да се изминат 150 километри со максимална брзина од 145 километри на час
ТОНСКО: : Ален Јегени – ББ Класик Карс Во моментов ова возило може да се полни насекаде. Тоа значи дека можете да го полните дома прво. Може да го полните во кафиќ, може да го полните било каде кадешто има монофазна струја. Малце сме лимитирани да во нашата земја со оние станици на полнење на електрични возила, но ЕВН се разбуди и има веќе околу 40 станици за полнење на електрични возила. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи и ќе имаме можност насекаде во градот да имаме резервирани места за полнење на овие електрични возила. (8:09-8:43)
Моторот го направи германската компанија Кеслер која има фабрика во Македонија
На изработката на автомобилот 2 месеци работеле дваесетина луѓе, a проектот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој

Електрично Фиќо

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.