Езера во Македонија

Во Македонија, верувале или не, има преку 190 езера
Покрај трите тектонски природни езера: Охрид¬ското, Преспанското и Дојранското има голем број на вештачки
Пред околу милион години, речиси во секоја котлина имало големо котлинско или тектонско езеро, а некои од нив биле значително поголеми и од денешното Охридско Езеро
Такви големи езера постоеле на просторот на Скопска Котлина, Кумановска Котлина , Овче Поле, Пелагонија, Тиквешка, Струмичка, Беровско-Делчевска, Гевгелиско-Валандовска
Со всекување на реката Вардар кон Егејско Море, најголем дел од овие езера истекле и се исушиле
Во Македонија има 40-тина мали глацијални при¬род¬ни езера, сместени на високите планини, на височина од 1600 до 2500 метри
Во карстните подрачја на нашата земја има шест мали природни езерца во пештерите
Има и шест мочуришни езерца, неколку крајречни меандерски езера покрај реката Вардар низводно од Скопје и изворско езерце покрај Охридското Езеро кај Св. Наум
Покрај природни, има и околу 120 веш¬тач¬ки езера за водоснабдување, наводнување, произ-водство на елек¬трична енергија и за рибници
Најголеми вештачки езера се Тиквешко Езеро на Црна Ре¬ка, Козјак на реката Треска, Мавровското Езеро и Дебарското Езе¬ро на Црни Дрим

Езера во Македонија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.