Ема Ананиевска - тизер

Националниот сојуз на слепи лица помага на 2.555 слепи и слабовидни лица, но, реално бројката е поголема.

Пијанистката Ема Ананиевска објаснува со какви проблеми и предизвици се соочуваат луѓето со слепило.

„Проблем на системот, затоа што вообичаено лицата со попреченост не се гледаат надвор и луѓето мислат дека не постојат и кога ќе видат некој се зачудени, мислат дека тоа е нешто ново, нешто специјално, нешто посебно. Не! Треба да се однесувате најнормално, како што се однесувате меѓу себе, со било кој, да кажам во наводници „нормален човек“.“

Поради зависноста од други луѓе и лошите услови за самостојно движење, многумина ретко излегуваат надвор од сопствениот дом

Првиот момент на „животот надвор“ од домашниот праг е соочување со општествениот мрак

На Ема Ананиевска слепилото не и било пречка за остварување на соништата, но стереотипите биле препрека
Category

Ема Ананиевска – тизер

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.