Секој дожд претставува опасност за архивот и документите поради редовното поплавување на новиот објект.

Владата повторно планира преселба на Државниот архив
Институцијата пред 5 години се пресели во новиот објект вреден 43 милиони евра
Скапиот објект од проектот „Скопје 2014“ се покажа несоодветен за чување на историските архивски материјали
Секој дожд го поплавуваше објектот каде се чуваат документи стари стотици години
“Настанатата ситуација е резултат на исклучително нелогично однесување на претходната Влада, но нема да навлегуваме во тоа. Решението што ќе го донесе Владата ќе биде долготрајно, во интерес и заштита на Архивот и документите бидејќи сме свесни дека тие документи се национално богатство на Република Македонија“ Миле Бошњаковски, портпарол на Владата
Највредните документи сепак не се во опасност и се заштитени во стариот објект на Државниот архив
И други објекти од проектот „Скопје 2014“ се веќе оштетени поради неквалитетните материјали
Штетата допрва ќе се проценува
„Не е само зградата на Архивот проблематична. Знаете дека 90 % од зградите од проектот„Скопје 2014“ ги покажуваат истите проблеми со кои се соочуваме секојдневно“ Миле Бошњаковски, портпарол на Владата

Секој дожд претставува опасност за архивот и документите поради редовното поплавување на новиот објект.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.