Дoнтовиот модел е метод за распределба на мандати од партиски листи

Дoнтовиот модел е метод за распределба на мандати од партиски листи според пропорционална застапеност.

Главна карактеристика му е дека повеќе ги фаворизира поголемите политички партии и коалиции.

Го користи речиси целиот Балкан:
– Словенија
– Хрватска
– Србија
– Црна Гора
– Албанија
– Бугарија
– Романија
– Турција

Но, го користат и земји од ЕУ, како Финска, Данска, Естонија, Португалија, Полска, Холандија, Австрија, Белгија, Унгарија, Исланд…

Како функционира?

По принцип на најголеми количници.

Еве еден пример:

Да земеме една просечна изборна единица во Македонија
број на запишани гласачи 280.000
Да претпоставиме дека гласале 200.000
Да претпоставиме дека четири партии учествувале и освоиле:
Партија А 90.000
Партија Б 75.000
Партија В 25.000
Партија Г 10.000

Треба да се распоредат 20 мандати.

Освоените гласови се делат со сите броеви од 1 до 20 и се добиваат количници.

Дваесетте најголеми количници носат по еден пратеник.

Количниците се следните

/1 /2 /3 /4 /5 /6 /7
90.000 45.000 30.000 22500 18.000 15.000 12.857,1
75.000 37.500 25.000 18.750 15.000 12.500 10.714,3
25.000 12.500 8.333,3 6.250 5.000 4.166,7 3.571,4
10.000 5.000 3.333,3 2.500 2.000 1.666,7 1.428,6

/8 /9 /10
11.250 10.000 9.000
9.375 8.333,3 7.500
3.125 2.777,8 2.500
1250 1.250 1.000

Излегува дека прагот е 9.375 гласачи, а освоените мандати се распоредени вака:

Партија А = 9
Партија Б = 8
Партија В = 2
Партија Г = 1

Праведно или не, така работи Донтовиот модел.

Дoнтовиот модел е метод за распределба на мандати од партиски листи

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.