Донирај компјутер

Голема е бројката на семејства кои не можат да си дозволат да си купат компјутер, а од друга страна компјутерот во денешно време е уред без кој не може да се учи и да се биде поврзан со светот на информациите.
Борче Стаменов од Кавадарци им донел насмевка на повеќе од 300 семејства
Она што за некого е стар и непотребен компјутер,
за него е нешто што може да го репарира
За четири години успеал да оспособи 311 компјутери
кои ги донирал на семејства кои немаат компјутер
Првично беше планирано да стигнеме до 300 компјутери оваа година, но некако успеавме да го пробиеме тој план. Сега ни останува бројката 400 да се достигне до крајот на оваа година и се надевам дека ќе успееме да ги поделиме тие компјутери.
Донациите, но и потребата од компјутер
се зголемиле во периодот на коронавирусот
Откога е почната кризата со ковид-19 донирани се 110 компјутери, што не е мала бројка. Поради таа бројка, 110 семејства ќе можат да следат онлајн настава пошто на тоа оди.
Иницијативата „Донирај компјутер“ ја препознале и индивидуи и фирми
кои јавно, но и анонимно донираат компјутери
Во слободно време работи на нивна поправка
и приспособување, за што досега одвоил 620 часа
Борче Стаменов Донирај компјутер
„Донирај компјутер“ ми доаѓа како хоби кое некако успевам да го вклопам во моите работни обврски. Многумина мислат дека тоа е напорно, но со правилен распоред се постигнува речиси сè.
Стаменов вели граѓаните да не ги фрлаат старите компјутери
бидејќи за многумина тие може да станат алатка за учење

Донирај компјутер

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.