Трансплантација на органи

Срцето е впечатливо затоа што срцето чука и веројатно затоа и големиот одзив на медиумите и на граѓанството и цела вечер навиваа по социјалните мрежи за нас.

Во моментите кога слушавме само за новоинфицирани, новозаболени, за пациенти коишто се во единиците за интензивна нега како резултат на Ковид, за пациентите коишто се починати од Ковид, се случи трансплантацијата на срце, осносно, за жал, од едно лице со мозочна смрт, се продолжи животот на друго лице.
Д-р Андоновска и д-р Мојсова Мијовска се дел од тимот доктори кои ја добија наградата 13 Ноември
Тие заедно ја извршија првата трансплантација на срце во Македонија и тоа во време на пандемија
Ви доаѓаат солзи прво семејството на едно благородно семејство со една убава душа коешто даде нешто без едноставно, во својата тага даде нешто многу драгоцено од својот близок. Тоа е едната приказна, а другата приказна е онаа среќа којашто ја чувствувате кога срцето прочукуваше во операционата сала. Мислам дека тој момент никогаш нема да го заборавам.
Јас сѐ уште, од тој момент кога ќе помислам чувствувам возбуда. Јас едноставно се поклонувам и пред семејството на конкретниот донор, меѓутоа и пред сите семејства, зашто тоа е вистина еден чин на ужасна болка, а вие донесувате одлука да го продолжите животот на друг човек или на други пациенти на коишто им се неопходни органи.
Органите беа донирани од семејството на Емилија Динева од Стар Дојран
По тешката сообраќајка во која трајно го повреди мозокот таа продолжи да живее
нејзиното срце и бубрези спасија три животи
Во тој момент бевме преплавени со емоции и бевме со мислата „леле што направивме“. Дали ова навистина се случува и дали успеавме да го истераме до крај, нормално со трансплантацијата на бубрези и се надевам дека следен пат ќе имаме и други органи.
На европско ниво, 140 илјади пациенти се на листата на чекање на органи, секој ден починуваат 18 лица од таа листа. Минатата година, вкупниот број на починати се 6.000. Дека сите ние поголема ни е веројатноста да бидеме реципиенти, да ни е потребен орган, а помала ни е веројатноста да бидеме пациенти со мозочна смрт и донори. Така што, ние сите заеднички и со здружени сили да работиме на подигнување на свеста, затоа што јас сум донор и јас можам да спасам животи.
Не е ова табу тема, не е страшна тема. Не значи дека секој од нас ќе заврши со мозочна смрт и не секоја смрт може да значи потенцијален дарител. Значи се строги критериумите и затоа има толку недостаток на органи во светот
Улогата на болничкиот координатор е да го спроведува разговорот со семејството, каде што можам да кажам дека претставува најсензитивниот момент во целата постапка на донирање и трансплантација. Затоа што, тоа е моментот кога ние ја соопштуваме најтажната и најтешката вест за загуба на човечки живот, воедно, мора да разговараме и за донирање. Во тој момент, кога семејството се соочува со еден шок, со страшна болка за загубата на својот најблизок, мора да биде рационален и да собере сила и да донесе одлука за донирање
Знаете како велат „Сите еден ден ќе умреме“. „Да но секој друг ден ќе живееме“.
Додека живееме, не велам дека треба да размислуваме за смртта, треба да го живееме животот. Но во еден мал дел во којшто секој од нас веројатно разлислува како ќе заврши неговиот живот, да размислиме и тоа да го пренесеме на своите најблиски. Ете моите најблиски знаат што треба да прават во таков случај. Сметам дека тоа е едно наследство, еден тестапент којшто го оставаме на идните генерации и на пациентите коишто не мора да се само од земјава. Можеме да спасиме и пациенти коишто се од други земји па да добиваме органи од други земји. Тоа е светски процес на човекољубие. Мислам дека вредиме да бидеме дел од него и таа љубов човечка ја шириме тука во нашата земја.

Трансплантација на органи

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.