Школа за кучиња што помагаат на лица со посебни потреби е отворена во Стајковци

Школа за кучиња што помагаат на лица со посебни потреби е отворена во Стајковци
Школата ја отвори Тони Стојчевски- двократен европски првак за service dog
Тони 30 години живеел во Швајцарија
„Одлучив да помогнам на нашата држава, во тоа што ќе има поголема предност дечињата да можат да се дружат со кучињата. Да ги спремаме, да помагаат, бидејќи кучето помага во многу активности “, Тони Стојчевски (дресер на service dogs)
Секоја недела од 16 до 20 ч. има дружење со кучиња за лица со посебни потреби
Кај нас, законски не е регулирано прашањето за овие кучиња помошници
ИЗЈАВА
„Тоа е една добра работа, да се регулира за сите. Претежно за дечињата кои растат секојдневно со кучињата. Каде што ќе можат со еден таков закон да влегуваат слободно во трговски центар, ресторан, кафе бар, ако има потреба и во училиште“, Тони Стојчевски (дресер на service dogs)
Тони на деветгодишниот Јане му ја подари Бела
Бела има два месеци и учи како да му помага на Јане во секојдевниот живот
ИЗЈАВА
„Па да оди со мене кога ќе се шетам, да ме зема од училиште, да си играм со неа. Ќе ја оставам надвор од училиштето затоа што не смеам на час.
Прашање: А би сакал да биде со тебе на час?
Би сакал ама не смее.“ , Јане Велковски (9 години)

Школа за кучиња што помагаат на лица со посебни потреби е отворена во Стајковци

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.