КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

ДИРЕКТОР НА МАРКЕТИНГ
(Chief Marketing Officer)

За Види Вака Раскажувачко Студио

Види Вака Раскажувачко Студио осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории базирани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство, кои им помагаат на компаниите и организациите да ја пренесат својата порака на најефикасен начин, најприемчив за публиката. Со тоа, тие ја зголемуваат својата препознатливост, градат подлабока лојалност, а нивните пораки имаат многу поголем ефект и влијание кај публиката.

Нашата компанија расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес на клиентот и публиката. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. 

Отоворени сме за сите кои се креативни и ореинтирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и маркетери на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од компанија која е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

Главни одговорности

Директорот на маркетинг е одговорен за развој, егзекуција и надгледување на севкупните маркетинг активности на компанијата. Примарна задача на маркетинг директорот е да генерира приходи за компанијата со зголемување на продажбата преку маркетинг стратегии, истражување на пазарот, маркетинг на продуктите, дигитален маркетинг, дигитално рекламирање, стратешки комуникации и односи со јавност. Маркетинг директорот има одлично изградено чувство за потребите на клиентите и ги оптимизира маркетинг активностите и комуникацијата соодветно. За ефектите од својата работа му рапортира на Извршниот директор на компанијата. 

Клучни компетенции и искуство

Бараме искусна личност, комотна во водење тимови, со познавање и искуство во работа со сите маркетинг канали. Задолжително е да поседува силни аналитички способности и способност за прецизно и јасно рапортирање. Силно развиено чуство за одговорност и сопственост на процеси. Ориентираност кон испорачување на резултати. Пожелно е да ги исполнува следниве услови:

  • Најмалку 7 години искуство во маркетингот, од кои најмалку 5 години во дигиталниот и најмалку 2 години искуство на водење тимови.
  • Сеопфатно познавање на маркетинг каналите (SMM, PPC, SEO, E-mail, Lead gen, PR, Media Buying)
  • Исклучителни аналитички вештини и вештини за креирање извештаи – познавање на алатки како Google Analytics, Google Data studio, Microsoft Excel, Microsoft Power BI
  • Исклучително високо ниво на пишувачки способности.

Лични карактеристики

  • Одговорност
  • Самоиницијативност и чуство за сопственост на проекти
  • Посветеност за наоѓање решенија
  • Високо ниво на информираност, одлични познавања од општа куллтура
  • Умее со луѓе и лесно се вклопува во тим

Твојата работа ќе ја сметаме за успешна ако:

  • Успешно го водиш и развиваш маркетинг тимот
  • Како плод на твојата работа се зголемува бројот на нови клиенти и приходот на компанијата
  • Успешно предлагаш и спроведуваш подобрувања во бизнис процесите базирани на увидите стекнати преку маркетинг процесите и анализита

Што нудиме

  • Конкурентни примања 
  • Приватно здравствено осигурување
  • Самостојност во работата и носењето одлуки
  • Простор за иновации и развој на сопствените идеи
  • Можност за редовна професионална надоградба преку посета и учество на интернационални настани, како слушател и како говорник и ментор

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се валоризира.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чуство на лична и тимска сатисфакција. 

Како да аплицираш

Испрати ни твое CV или линк до твојот LinkedIn профил на darjan@localhost, со назнака за позицијата за која аплицираш. Наместо мотивациско писмо, во самиот мејл напиши ни во неколку реченици зошто би сакал/а да бидеш дел од нашиот тим. Доколку твојот профил одговара на огласената позиција ќе те контактираме за првична средба.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.