Дијабетес во училиште

„Ова е нашата приказна, приказната на второ четири. Ова е нашата борба и секојдневие со дијабетесот“

Второодделенките Софи и Теа одат со потешко ранче од другите соученици во основното училиште „Св Климент Охридски“ во Битола

Покрај книгите и тетратките секојдневно мора да носат инсулин и мерач за шеќер во крвта

„Ова е мојот ранец, покрај школскиот прибор, јас го носам и сето ова. Многу е, зар не? Но тоа не е најтешкото. Најтешкото е она што следи, боцкање, мерење, корекции.

Софи и Теа имаат дијабетес тип 1, но не се сами во нивната борба

Целиот клас и учителката Весна Аврамовска Димитровска се грижат за Софи и Теа

„Сите на мене ми велат браво за ова што го правиме. Но, јас велам браво за овие деца и за нивните родители на кои секој ден им е вистинска борба“.

Наставничката некогаш им става инсулин на Софи и Теа во текот на часовите

Целиот клас од дома носи само здрава ужинка и така ги поддржува соученичките

„Суштината на нашата поврзаност е токму ова, синиот круг преплетен меѓу нас како нераскинлива нишка која не држи заедно“

Дијабетес во училиште

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.