Дезинформации на социјалните мрежи

Крајната цел е да се направи хаос, да се направи една мешавина од различни информации, во којашто ќе се потврди тезата дека сите се исти.
(графика)
Лаги, манипулации, дезинформации секојдневно се пренесуваат на социјалните медиуми.
Дел од нив не предизвикуваат никаква штета,
но дел може да остават сериозни последици врз кредибилитетот на луѓе и на организации.

Од нашиот мониторинг забележуваме многу често и дезинформации кои се насочени кон дискредитирање на Договорот со соседна Грција, односно Преспанскиот договор, како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Од другите примери би можела да истакнам дека често гледаме и злоупотреба на мигрантите, гледаме и дезинформативни наративи за измислени непријатели, како на пример Сорос, а во последно време, со пандемијата ковид, неговото место го замени Бил Гејтс.

Како што се вика цело време: „сите се исти во политиката, сите се исти во забавата, во сите сфери на општеството“, така да се каже: „сите се исти и новинарите се исти – и тие што се школувани и тие што не се школувани, и тие што се професионалци и тие што не се професионалци, и тие што се рекетари“, за да се каже: „сите се исти, сите се рекетари, сите пуштаат лажни вести“ – не верувајте никому.
(графика)
Во политичката битка за глас повеќе, дел од кредибилните медиуми се жртви на поединечни или на групни напади на социјалните медиуми за да се претстават како креатори на дезинформации.
Редакцијата на СДК.МК беше мета на креатори на дезинформации со цел да се предизвика збунетост и паника во јавноста.

Главната идеја е ако можеме што повеќе да ја поклопиме таа вест, да бидеме што појавни. Е сега социјалните мрежи даваат можност да ја проширите вашата вистина наспроти таа другата вистина. Тие што ве почитуваат и што ви се веќе лојални читатели, кои ве следат и ве отвораат, исто така, да ја прошират информацијата.
(графика)
Дезинформациите се пакуваат во содржини на кои граѓаните реагираат бурно.
Безбедноста, здравјето, меѓуетнички односи и политика се најзастапени теми
со кои пред избори се „игра“ со емоциите на граѓаните.
Постојат пет техники на дезинформирање

Дискредитација – ако некому не му се допаѓа критиката, а недостасуваат факти и аргументи за одбрана, тогаш критичарите се напаѓаат со навреди и дискредитирање.
Извртување – оваа техника се користи кога некому не му се допаѓаат фактите, па истите се извртуваат, па резултатот од тоа е полувистина, којашто многу често е поопасна од комплетно измислена лага.
Дефокусирање – се случува заради одвлекување на вниманието на јавноста од клучни моменти или теми или историски постигнувања.
Вознемирување – во смисла кога одредена држава спроведува одредена политика и одбрала пат според мислењето на мнозинството на граѓани. Тогаш се случува трети страни на коишто тоа не им одговара да пласираат дезинформации со коишто ја вознемируваат јавноста.
Последната техника којашто е особено битна за нашето мултиетничко општество е техниката кога се пласираат дезинформации коишто креираат поделба или продлабочување на поделбите по партиска, етничка или верска основа. А многу често гледаме и дезинформации кои имаат за цел да создадат поделба помеѓу нас и нашите соседни држави.
(графика)
Изборите почиваат на принципите за фер услови за учество на сите кандидати, доверба во изборните институции и информирано учество на граѓаните.
Тие многу често се предмет на организирани дезинформативни кампањи

Генерално, целта на дезинформациите во изборниот процес е да ги поткопаат демократските принципи преку ширење на дезинформации, коишто може да имаат најразлична форма, како на пример извртување на факти, теории на заговор, комплетно измислени информации и полувистини – целта е да се дефокусира јавноста, да се внесе хаос информациски, да се внесе поделба и раздор, а сето тоа на крај ја намалува довербата во процесите и во институциите.
(графика)
СДК.мк поднесе кривична пријава против непознат сторител
за фалсификување на логото и ширење на лажни вести.
Но борбата против дезинформациите ја водат и директно

Главното оружје на борбата против лажните вести е да продуцираш што повеќе вистински вести. Значи, главното оружје против непрофесионалното новинарство или пропагандистичко е да продуцира што повеќе професионално новинарство, вистинско новинарство.
(графика)
Техниките за дезинформирање еволуираат и постојано се менуваат
и поради тоа потребен е сеопфатен пристап за справување со нив.

За успешно справување со дезинформациите, без разлика дали доаѓаат од домашни актери или странски, потребен е посеопфатен и покоординиран пристап. Ова значи вклученост на државните институции, на експертската јавност, односно академијата, кредибилните медиуми и новинари, како и граѓанското општество.

Дезинформации на социјалните мрежи

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.