Лица со попреченост и посебни потреби од ромската заедница

Четиригодишниот Манди Дубовиќ боледува од епилепсија
Првите епилептични напади ги имал пред една и пол година,а има проблеми и со движењето на едната рака и нога
Родителите се борат да му овозможат соодветна здравствена помош
За ова дете треба уште по лекари, но со пари сум слаба. Отидов во социјално се жалев и во социјално го наоѓаат здраво детето. А услови нема да одам уште по лекари и не знам каде да одам каде да се жалам. Ми рекоа во брза помош дека епилепсијата ќе биде додека детето не наполни 15 години. А како можам да го лечам. Таа не знам си оди и му дадоа само дијазепам. Други лекарства не ми дадоа.
Кога требало да биде вакциниран пак не добиле потврда дека е во добра здравствена состојба
Тој редовно примаше вакцинација. Како го фати болеста, последната вакцина викам докторке сакам да прима детето вакцина. Вика немам докази од државна болница треба да ми дадат едно ливче дали е здраво детето или не е здраво.
Заедно со неговите седум браќа и сестри и родителите во Шуто Оризари живеат во лоши услови
Родителите се невработени и единствениот додаток кој го примаат е за трето дете
Предрасудите за лицата со попреченост и посебни потреби во ромската заедница се уште се големи
Стравот од реакцијата и слабата едуцираност придонесуваат за тоа родителите да ги кријат децата
Романо Чачипе е граѓанска организација која на терен активно работи во уривање на предрасудите
Ние предлагаме, како организација со истражувања увидовме што недостасува во заедницата. Од сите ги добивме одговорите дека едукацијата е најважната работа. Но таа едукација да не ја врши Романо Чачипе туку да биде само логистика. Во општина Шуто Оризари ние толку години не видовме еден едукативен материјал. Да родителите бидат запознаени што треба да направат за да ги остварат правата на децата со попреченост.
Немањето регистар на лица со посебни потреби според етничката припадност исто така е еден од главните проблеми на кој посочува Романо Чачипе

Лица со попреченост и посебни потреби од ромската заедница

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.