Давид Бекутан

Давид Галевски, едно од најпознатите бебиња на територија на поранешна Југославија наполни 20 години

На 10 месеци бил избран за најубавото бебе во магазинот „Практична жена“

Подоцна стана заштитно лице на детската козметика на производите на Бекутан

Имало некоја награда за најубавото бебе на годината, „Добиј бекутан производи“. И така сум ги добил производите. Потоа Алколоид ги контактирале моите да ме сликаат за Алколоид постери, некои, не знам како. После тоа, прво ме ставија, на прв продукт на Алколоид беше Бекутан чаеви, потоа ме ставија на марамиците кои беа најпопуларни од сите. Сега, последниве 7-8 години сум и на пелените. Давид Галевски

Давид студира на ФИНКИ и нема желба да биде фотомодел во иднина

Ретко кој го препознава сега, но, драго му е кога ќе се види во маркетите во државава и низ Балканот

„Убаво е чувството. Навикнат сум веќе, од мал сум бебето на „Бекутан“. Така ме знаат сите другари веќе, тоа е мислам дел од идентитетот. Давид Бекутан сум потпишан на сите во телефон.“ Давид Галевски

Давид Бекутан

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.