}

Македонија

Глобалното затоплување се чувствува и во Македонија

Последниот извештај на Обединетите нации алармира дека на Земјата и се заканува пораст на температурата за 2,7 степени до крајот на векот. Подготвена ли е Македонија за 9 години да ги исполни амбициозните национални заложби кон Парискиот Договор за 51% редукција на стакленичките гасови кои влијаат врз загревање на планетата?

This browser does not support the video element.

Reuters

-->

This browser does not support the video element.

James McAuley/The Washington Post

CHARLES PLATIAU/Reuters

HUBERT HITIER/AFP/Getty Images

Порастот на температурите го отвора прашањето дали земјата ги исполнува обврските за кои се залага преку потпишувањето на Парискиот договор за климатски промени. Со овој потпис, земјата пред пет години се обврза дека ќе го одржува зголемувањето на глобалната просечна температура под 2 целзиусови степени.

This browser does not support the video element.

Во последниот извештај на Меѓународниот панел за климатски промени објавен од Обединетите нации, научниците предупредија дека човечките активности ја менуваат климата на Земјата на начини какви што не се видени илјадници, ако не и стотици илјади години, при што некои од промените се неизбежни и неповратни. Според наодите на извештајот, температурите до 2040-та година според сите сценарија за емисија, ќе достигнат раст од 1,5 Целзиусови степени над нивото забележано во периодот од 1850-та до 1900-та година. Проценките на ИПЦЦ се дека Арктикот најверојатно ќе биде без мраз до 2050-та година.

THOMAS SAMSON/AFP/GETTY IMAGES

This browser does not support the video element.

Ристе Миновски

THOMAS SAMSON/AFP/GETTY IMAGES

BENOIT TESSIER/Reuters

This browser does not support the video element.

Kinsley Laurence via Storyful

GEOFFROY VAN DER HASSELT/AFP/Getty Images

Francois Mori/AP

Последиците од климатските промени се чувствуваат и во целата држава. Во последните три децении, просечната годишна температура се зголемила за два степени. Податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), измерени од Управата за хидрометеоролошки работи, покажуваат дека просечната средногодишна температура на воздухот во Скопје за периодот 1981-1990 година изнесувала 12,6 степени. Во 2019 година, мерењата покажуваат рекордно отстапување од 2 целзиусови степени. Слична е ситуацијата и во најтоплиот град во земјава, Гевгелија, каде што просечната средногодишна температура бележи пораст од 2,5 степени.

This browser does not support the video element.

Reuters

Veronique de Viguerie/Getty Images

THOMAS SAMSON/AFP/Getty Images

Michel Euler/AP

Thibault Camus/AP

YOAN VALAT/EPA-EFE/REX

YOAN VALAT/EPA-EFE/REX

Veronique de Viguerie/Getty Images

Cyril Zannettacci / Agence VU for The Washington Post