Се отстрануваат недостатоците на Филип Втори за Супер купот на Европа помеѓу Реал и Манчестер

Фудбалските сладокусци ќе уживаат во спектаклот наречен Супер куп
Реал Мадрид и Мачестер Јунајтед ќе ги гледаме во Скопје на 8 август
Надлежните уеруваат-пари ќе има, се отстрануваат недостатоците на стадионот
Финалната инспекција на УЕФА доаѓа на 21 Јули-имаа бројни забелешки
Проблеми со интернет, климатизација, електрика,услови за ТВ пренос, водовод, скршени столчиња…
Владата наложи надлежното претпријатие да обезбеди 11милиони денари, ФФМ 5 милиони
“Скопје ќе биде центар на најголемиот фудбалски спектакл на европско тло во насока на супер купот. Ваков настан од ваков вид не се случил во последните дваесет и нешто години по олимпијадата во Сараево која е одржана. На едно место да се сретнат најголемите клубови според мене. Ќе ги гледаме во Скопје, во Македонија” (Филип Поповски – Генерален секретар на ФФМ) од 0:45 до 1:05
Кога аплицирале за супер купот, стадионот ги исполнувал критериумите
Новите забелешки се од последните инспекции на УЕФА, но и клубовите имаат свои барања
“Се однесуваат најчесто во делот на ТВ правата во делот на екипите кои ќе ги пренесуваат, медиумите, делот за услужните дејности, вип гостите. Ние мора да се адаптираме на сите промени кои ќе ни ги наложи УЕФА,а воедно на тоа се однесуваат и оние забелешки од последната инспекција кои беа предадени и за кои ние заедно со нашите партнери ќе ги отстраниме и ќе направиме одлична организација за Супер купот. (Филип Поповски – Генерален секретар на ФФМ) 1:56-2:22
Билетите со цена од 15 до 50 евра се продаваат до 4 Јули
10. 000 влезници ќе бидат за фанови од Македонија
При голем интерес влезниците ќе се доделуваат преку лотарија
УЕФА преку маил ќе извести дали сте добиле билет, а еден фан може да аплицира за најмногу четири билети
Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе добијат по 5.000 влезници.
Хотелските капацитети се исполнети за неколкукратно повисоки суми
Во трка за сместување се бараат и приватните куќи и станови
Во супер купот во Скопје по 42 пат ќе играат победниците од Лигата на шампиони и Лига Европа
Оригиналниот трофеј кој останува во сопственост на УЕФА веќе беше во Скопје
На победникот му се доделува копија во иста големина
Од 1972 до 1999 година во него играле победниците на Купот на европските шампиони и победникот во Купот на победниците на куповите
Најмногу титули има Милан
На Реал Мадрид ова ќе му биде шесто, а на Манчестер Јунајтед четврто учество на Супер купот

Се отстрануваат недостатоците на Филип Втори за Супер купот на Европа помеѓу Реал и Манчестер

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.