Разговори за театарот во време на пандемија

„Актери можеме да бидеме само кога сме на сцената, кога има жив и непосреден контакт. Ние во случајов сме сонувачи актери, кои си го чекаат повторното враќање во театарот.“ Васил Зафирчев (актер)
Актери, режисери и професори зборуваат за театарот во време на пандемија
Актерката Слаѓана Вујошевиќ го започна серијалот „Разговори за театарот во време на пандемија“
„Си го дадов предизвикот да искомуницирам со што е можно повеќе театарски режисери, актери, професори, сè со цел, да ги дознаам нивните доживувања, размислувања и ставови за театарот во време на пандемија.“ Слаѓана Вујошевиќ (актерка)
Александар Поповски, Нела Витошевиќ, Синоличка Трпкова Меллес, Зоја Бузалковска, Милош Б. Андоновски…
Се дел уметниците кои во разговорите раскажуваат за моменталната пандемија која го снајде и театарот
Досега се снимени околу 40 разговори
Целта на овие разговори е да мотивираат и алармираат за предизвиците со кои се соочуват театарските уметници
„Во овие услови како можеме да придонесеме за развојот на театарската уметност, наместо да ја ставиме на „стоп“ и да чекаме нештово да помине. Инспиративни се разговорите со моите колегите и можам да кажам дека кај себе гледам промена по реализацијата на овие разговори.“ Слаѓана Вујошевиќ (актерка)

Разговори за театарот во време на пандемија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.