Марјан Митровски, светло мајстор

„Се наоѓаме на сцената на Универзална сала каде што во деведесеттите години прв пат го запалив светлото и работам како светло мајстор. Бев младо момче на 22 години, се надевам во Универзалнава сала ќе го палам и гасам светлово се до моето пензионирање “.
Марјан Митровски, три децении, е светло мајстор во „Универзална сала“ во Скопје.
Се вработил во оваа институција по игра на случајноста.
„Се враќам од војска и случајно на оглас во весникот „Нова Македонија“ ли беше како беше – го наоѓам работното место.“
За Митровски играта со светлото на сцената е вистинска уметност.
Самиот мајстор на светло, работното мјастор на светло, треба да е креативен да има познавање од уметноста. За да знае на пејачот да му направи светло, и на публиката што е многу важно, да му биде забавно за тие два и пол часа што го гледа концеротот. Тоа е работата на мајсторот на светло.
Светлото и играта со боите и сенките на сцената може да предизвика тага или радост кај публиката.
Во театарската претстава за да се достигнат тие емоции, љубовни, насилнички – има претстави, режисерот со наша соработка го прави светлото и се дооловува моментoт што треба да се доолови во театарската претстава за публиката да го доживее тоа, и од сaмите артисти и од светлото. Значи светлото е многу битен фактор и во сценографијата и во самата претстава што се одвива, дали е театарска или балетска.

Некогаш и „виша сила“ ги гасне светлата наместо светло мајсторот.

ИЗЈАВА: марјан

Се случи на концертот на Наум Петрески, значи од Град Скопје снемува струја и сега публиката останува и пејачот во темница на сцена. Меѓутоа се уклучуваат тие панични светилки со кои многу минимално се гледа во салата. Сега Наум Петрески продолжува да пее, но него не му треба ни микрофон ни озвучување каде што концеротот продолжува да си се одвива во нормала.
На сцената, на еден од симболите на Скопје, настапиле многу домашни и светски уметници.
ИЗЈАВА
„За мене сите уметници беа многу јаки уметници и со сите сум имал контакт. Да не го заборавиме тука Владо Јаневски е наш одличен пејач кој овде имаше 7 концерти со многу публика. Тоше Проески беше прекрасен човек, како човек, а не како пејач, значи беше и многу добар пејач ама беше и многу добар човек кој не забораваше со сите од нас да се поздрави тука, многу воспитан, многу културен.“
Завесата во Универзална сала се спушти пред пет години.
„Изгубен е контактот со публиката. Значи со таа публика што се среќававме тука секогаш беше различна. Имавме многу пријатели, многу луѓе ни ги отвораа вратите. Меѓутоа, многу ни е празно, празна ни е салава. Публиката ја красеше универзална сала.
Но, што ако светлото во Универзална се изгасне засекогаш?
„ Оффффф. За зборување на Универзална да се изгаси комплетно, многу би ме погодило тоа! Значи јас сум навикнат да го гасам светлото на сцена, да го запалам светлото и да ја испратам публиката. Откако ќе излезе публиката се гаси светлото се прави проверка на сите простории и си одиме дома се спремаме за утрешниот ден.“
Се надева дека ќе се врати духот на „Универзална“, а публиката да доживее свечено отворање наместо мрак.
Гасењето на Универзална сала не би ме погодило само мене лично, би ги погодило многу луѓе, што граѓани што уметници. Значи многу луѓе и многу уметници пораснаа со оваа Универзална сала – како и јас!Од мојата младост, пораснав тука. Со многу убави настани со многу убави сеќавања, и се надевам дека ќе продолжам.

Марјан Митровски, светло мајстор

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.