Креирањето на јавните здравствени политики за Ромите на хартија изгледа речиси совршено

Во креирањето на здравствените политики се вклучени сите страни

-централна власт
-локална власт
-граѓански организации
-граѓани

Состојбата на терен покажува дека законите, акциските планови и стратегиите не функционираат или се недоволни

„Препораките на здружението секогаш се земаат во предвид при креирањето на здравствените политики бидејќи сметаме дека има слух од носителите на политиките на национално ниво. Меѓутоа, она што недостасува и на кое што треба да поработиме во иднина е на носењето на соодветни протоколи и следењето во континуитет на нивната имплементација во пракса бидејќи на хартија сметаме дека имаме соодветни политики барем во одреден дел ако не и целосно меѓутоа недостасува нивна примена во пракса, која мора во континуитет да се следи и контролира“, Весна Шапкоски, Рома СОС од Прилеп.

Проблем е што државата ги гради здравствените политики за Ромите „на слепо“, без соодветни статистички податоци

“Немањето на статистички податоци доведува до друг проблем, а тоа е неможноста да се изврши евалуација на успешноста на овие програми и мерки. Очекуваме дека во догледно време ќе располагаме со солидна база на податоци за здравствениот статус на Ромите што ќе овозможи креирање на соодветни политики кои ќе одговорат на потребите на ромската популација“, вели Сенад Мемеди, советник во Министерство за здравство.

Граѓанските организации како што се Рома СОС, ХЕРА и ЕСЕ најчесто алармираат дека состојбата на терен не е розова

Организацијата ЕСЕ издејствува прифаќање на три мерки во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2018

Ваквите заложби го сменија и буџетот за Програмата за скрининг на рак на грлото на матката

Сепак, недостига ефикасна контрола што се спроведува, а што не се спроведува и недостига мерење на ефикасноста

“Во последниот период се забележува исклучителна отвореност на инсититуциите особено на локално ниво кон проблемите на Ромите односно креирањето на политики произлегува од нив самите односно тие приоритети кои тие ќе ги истакнат. Со одредени активности кои ги имавме во изминатиов период, со самите донесувачи на одлуки на локално ниво, всушност на некој начин го сменивме и наративот“ вели Весна Шапкоски, Рома СОС од Прилеп.

Градење на здравствени политики врз здрав темел ќе значи посигурен пат кон подобро здравје за Ромите

Креирањето на јавните здравствени политики за Ромите на хартија изгледа речиси совршено

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.