Говор на омраза и дискриминација кон Роми се појави на страница на фејсбук.

Говор на омраза и дискриминација кон Роми се појави на страна на Фејсбук
Хелсиншкиот комитет подготвува пријава до МВР за да се санкционира говорот на омраза
Децата Роми беа претставени буквално како животни. Затоа сметаме дека Министерството за внатрешни работи треба итно да преземе мерки за да се открие сторителот. Заради тоа што, сметаме дека мора да се даде една порака до сите останати дека ширењето говор на омраза преку социјалните медиуми навистина може да предизвика вознемирување кај граѓаните, Неда Чаловска Димовска (Хелсиншки комитет за човекови права на РМ)
Од 2014 се казнуваат говорот на омраза и ширењето на материјали преку Интернет
Нема ниту една пресуда
Немаме ефективни, ниту ефикасни механизми за заштита од говор на омраза, особено на социјалните медиуми. Можеби е време да размислиме за проширување на правната рамка во овој сегмент, а сѐ со цел, нели, граѓаните да добијат определена заштита, Неда Чаловска Димовска (Хелсиншки комитет за човекови права на РМ)
По пријавите до Фејсбук навредливата страница „Цигано мунди-Заштита на правата на Ромите“ е отстранета

Говор на омраза и дискриминација кон Роми се појави на страница на фејсбук.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.