Финансиска писменост: Централна банка

Народната банка е централна банка во нашата земја
Централните банки, според своите функции, се разликува од деловните банки
Централните банки со своите инструменти и мерки делуваат кон деловните банки во земјата
Од друга страна, деловните банки се во директен контакт со приватниот сектор – населението и фирмите.
Што работи нашата централната банка?
Основна задача на Народната банка е да ја одржува ценовната стабилност во земјата

Тоа значи дека Народната банка се грижи за одржување на инфлацијата на разумно ниво

Стапката на инфлација е важна бидејќи ги одразува промените на цените во економијата

Висока инфлација би значело и висок раст на цените во економијата и обратно со што директно се одразува врз условите за живеење

Ако има висока инфлација тоа ќе се одрази и на инвестициите бидејќи ценовната стабилност ги поттикнува инвестициите и економскиот раст

Како Народната банка се грижи за одржување на ценовната стабилност?

Преку спроведување соодветна монетарна политика и преку примена на расположливите монетарни инструменти

Основен инструмент на Народната банка се аукциите на благајничките записи, а нивната каматна стапка е основна стапка на Народната банка.

Еднаш месечно Народната банка одлучува за висината на основната каматна стапка

Двапати годишно објавува макроекономски проекции, во кои го дава своето видување за идните движења во економијата

Народната банка учествува во определувањето на режимот на девизен курс и ја утврдува и ја спроведува политиката на девизен курс
Од 1995 година одржуваме стабилен девизен курс на денарот, од почетокот во однос на германската марка, а по формирањето на еврозоната, во однос на еврото.
Стабилниот девизен курс има важна улога за стабилизација на ценовните очекувања и одржување на ценовната стабилност.
Дополнителна цел на Народната банка е да се грижи за одржување на финансиската стабилност
Народната банка е регулаторна институција за банкарскиот систем, што значи дека е надлежна за супервизија и надзор над работењето на деловните банки.
Стабилниот банкарски систем е предуслов за стабилна и просперитетна економија
Народната банка има ексклузивно право да ги издава книжните и кованите пари во нашата земја (банкноти и монети).
Народната банка управува со девизните резерви на земјата, водејќи сметка за одржување на ликвидноста на земјата во плаќањата кон странство
Централната банка се грижи за здрави и стабилни банки, коишто се главниот дел од финансискиот систем на нашата земја
Централната банка ги изработува парите што ги имате во Вашиот паричник и се грижи за стабилноста на цените во економијата.

Финансиска писменост: Централна банка

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.