Цена на дезинформации

Која е цената на дезинформациите? Кој добива, а кој губи, ако некој на Фејсбук напише дека коронавирусот се лекува со пиење алкохол или со некој антибиотик од пред три децении.
Дали цената на оваа дезинформација може да се мери само во пари, или пак на крајот може да значи и изгубени човечки животи.
Наслов на екран: Која е вистинската цена на дезинформациите?
Информациите ни се клучни за да донесеме правилна одлука, без разлика дали купуваме лекови, дали бираме училиште за децата или гласаме на избори.
Ако имаме погрешни информации, многу веројатно е дека ќе донесеме и погрешни одлуки. Значи, за да дознаеме која е вистинската цена на дезинформациите, треба да разбереме дека поткопувањето на довербата на граѓаните преку организирани дезинформациски кампањи нема за цел само манипулација на јавното мислење и дефокусирање од актуелните теми. Проблемот е многу поголем, а со тоа е поголема и загубата за нас луѓето, но и за општеството.
Да ја земеме, на пример, пандемијата со ковид-19.
Додека граѓаните беа затворени во своите домови, значително се зголеми нивната потреба за информирање. Како се зголемуваше несигурноста, така се зголемуваше и апетитот за информации, но и нивната продукција. (може и ова со илустрација за затворање дома, или принтскринови од многу медиуми со секакви вести поврзани со Ковид-19 не мора да бидат исклучиво лажни – телевизор или пак компјутер од кој излегуваат многу наслови)
Тоа доведе до состојба на „инфодемија“ – односно: ции – некои точни, а некои неточни – што им отежнува на луѓето да најдат веродостојни извори“
Од антиваксерски кампањи, преку сомнителни совети за лекување до теории на заговор за потеклото на вирусот и за 5Г-мрежата, лажните вести за ковид-19 се ширеа со брзина поголема и од брзината на ширењето на болеста.
Неизвесноста за иднината и стравот на луѓето од невидливиот непријател ја направија пандемијата со коронавирусот плодна почва за распространување на другата „вистина“ за ковид-19, која, и покрај сите разобличувања, не умира.
Напротив, брзо се развива и живее подолго и од вестите. Ваквите лажни вести се споделуваат по социјалните медиуми дури и месеци по нивното разобличување, предизвикувајќи штета кај оние помалку информираните.
Ситуацијата стана толку загрижувачка што се поставува прашањето дали дезинформациите ќе остават поголеми последици отколку самата болест ковид-19?
Коронавирус измама: Лажната пандемија е создадена со цел да се прикрие ширењето на 5Г-синдромот“
Овие грмотевици може да ве потресат исто колку и самата содржина на овој текст, кој се обидува да спои два неспоиви светови – светот на коронавирусот и оној на 5Г-технологијата.
Грмотевиците всушност се најава за молскавичното ширење на дезинформациите содржани во него на социјалните мрежи.
Овој текст и многуте слични беа означени како лажна вест од страна на Фејсбук, но и од многу сервиси за проверка на факти. Станува збор за класични дезинформации.
Дека ваквите вести може навистина да мобилизираат граѓани покажува и фактот со неодамнешниот протест пред Владата, кога група граѓани го изразија незадоволството од вакцините, коронавирусот и 5Г-мрежите. Да, добро чувте, вакцините и 5Г-мрежите заедно во еден протест. И која е цената на дезинформацијата во овој случај?
Некој би рекол дека цената е две илјади евра, или колку што е сумата што би требало да ја платат 15 учесници на протестот доколку се прифати предлогот на обвинителството тие да одговараат за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Други, пак, би рекле дека цената е далеку поголема, но за да го потврдиме тоа одиме понатаму.
Постои или не постои коронавирусот? Секако дека постои, но сепак одреден процент од луѓето сметаат дека е измислен. Сметаат дека е измислен сè додека не заболат од него, па во дел од медиумите имаше и вакви сведоштва. Граѓани кои не верувале во постоењето на опасноста од коронавирусот завршиле во болница со тешки последици по здравјето предизвикани од ковид-19. Сигурно дека некои од нив починале како резултат на вирусот во кој не верувале.
Дел од неверниците, пак, исплашени од разорната моќ на вирусот имаа директни повици до јавноста да не се верува во дезинформациите поврзани со болеста и дека вирусот е тука и убива луѓе.
Сепак, и тоа не беше доволно за да се запре галопирањето на дезинформациите.
Овој графички приказ илустрира кои групи биле најактивни во споделувањето на дезинформации за коронавирусот на Твитер.
Конзервативните десничарски групи имаат многу повеќе профили и продуцираат многу повеќе содржина отколку либералните левичарски групи во земјите кои беа меѓу најпогодените од коронакризата као САД, Италија, Латинска Америка.
А токму брзината со која се шират лажните вести е голем проблем за демократските општества. Пред пандемијата со коронавирусот, дезинформациите пандемично се ширеа и за време на изборни циклуси, без разлика во која земја во светот се одржуваа.
Сето тоа влијае на квалитетот на информациите коишто ги добиваат гласачите, и на крај на нивната одлука за кого ќе гласаат. И овде се поставува прашањето која е цената на дезинформациите кои се пласираат при носење на политички одлуки и кои се изворите на тие дезинформации.
Во случаите на претседателските избори во САД, референдумот за Брегзит, одвивањето на Договорот на Европската Унија со Украина од страна на холандските гласачи, според голем број обвинувања се замешала и руската дезинформациска кујна.
„Русија троши приближно 1,1 милијарда долари годишно за провладините медиуми да креираат лажни вести со цел поделба и ослабување на позицијата на Западот.“
Доаѓаме до крајот на приказната, а тоа е одговорот на прашањето: Која е цената на дезинформациите? Преточено во апсолутна бројка пресметката е дека лажните вести годишно „јадат“ по 78 милијарди долари од светската економија.
Ова е директната штета и бројката изгледа фрапантно. Онаа која не се мери во пари е изразена во губење на довербата во институциите, намалена доверба во кредибилните медиуми, стегање на ременот на слободата на говорот и многу друго. Кога состојбите во овие клучни сфери на општеството се влошуваат, губитник е демократијата, а со тоа и граѓаните.
Сепак, сè додека постојат информациите, ќе постојат и дезинформациите. Информациите ни се потребни, а дезинформациите не бидејќи штетите што ги предизвикуваат вторите ги чувствуваме сите – директно или индиректно.

Цена на дезинформации

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.