Бушава азбука

„Оо време е за Бушавата азбука!“
Пред 33 години беше создадена легендарната македонска детска програма „Бушава азбука“
А – Авијатичар, Б – Бокс, В – Вода, Г – Глув, Д – Дупка… Со бушавите букви многу генерации го научија македонскиот јазик
Три – четири „А“. А. а., Епизода „А“
На прво место беше образованието на децата, но и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција
А фефероните се најлути пиперки. Е, па не попусто се вели за некого лут како феферонче, или мало, мало ама лути, Епизода „Ф“
Автори беа Горан Стефановски и Слободан Унковски, а музиката беше на Леб и сол и Ана Костовска
Не си го продавај Кољо, мама не ме дава Кољо за тебе. Не си го продавај Кољо, мама не ме дава Кољо за тебе. По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш, дома рано не си одиш да спиеш. По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш, дома рано не си одиш да спиеш, Епизода „Ч“
Имаше вкупно 31 епизода, колку што има букви во македонската азбука
Во 80-тите и 90-тите имаше и илустрирана книга „Бушава азбука“, која се продаваше во книжарниците низ Македонија
Бушава азбука остана еден од најдобрите производи посветен за најмладите во нашиот медиумски простор

Бушава азбука

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.