Што е всушност „бугарски воз“?

„Бугарски воз“ е една од најспомнуваните синтагми секои избори.

Дел од приговорите и на гласањето на 11 декември беа за оваа изборна нерегуларност.

Што е всушност „бугарски воз“?

Се краде едно ливче ноќта пред избори или наутро пред отворање, кога сите будни очи не гледаат.

Се краде заедно со кочанот за да не можат останатите членовите да забележат дека недостига ливче додека е мал број на гласаните.

Потоа, тоа ливче се нарекува локомотива и се носи во партиски штаб, каде што се заокружува.

партискиот гласач го добива заокруженото ливче да го стави во кутијата, а во штабот мора да го донесе празното ливче што го добива од Изборната комисија.

И така натаму, вагон по вагон.

Партијата така е сигурна како гласале нејзини членови и се губи тајноста на гласањето.

Со увид во гласачкиот материјал не може да се открие постоењето на возот, зашто на крај сите ливчиња се на број.

Може само да се покрене обвинение и да се истражува.

Што е всушност „бугарски воз“?

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.