Финансиска писменост: Буџет

Сте се запрашале ли некогаш за тоа како се полни државната каса и за што се наменети средствата во неа?
Буџетот на државата е документ со кој се планираат годишните приходи и расходи
Приходите се средствата кои се слеваат во буџетот и кои државата ги наплаќа по пат на даноци, акцизи, царини
Расходите во буџетот се сите плаќања (одливи) за одобрени намени освен отплатата на главнината на заемите
Често постои разлика помеѓу приходите и расходите во буџетот
Кога разликата е позитивна, односно кога приходите се поголеми од трошоците постои буџетски суфицит
Буџетски дефицит е обратна ситуација, односно кога расходите се поголеми од приходите
Ова се двете ситуации во кои буџетот не е балансиран, во многу повеќе примери доминира буџетскиот дефицит
Дефицитот се финансира со заеми од земјата или од странство односно преку издавање државни записи или обврзници
Ребаланс на буџетот претставува промена во планираните приходи и расходи
Министерот за финансии го подготвува буџетот и го доставува до владата не подоцна од 1 ноември
Потоа Владата го доставува во Собранието на усвојување најдоцна до 15 Ноември
Парламентот расправа за предложениот буџет минимум 20 дена по доставувањето
А буџетот мора да биде изгласан најдоцна до 31 Декември
Во случај кога буџетот не е донесен до 31 Декември министерството за финансии носи одлука за времено финансирање
Тоа значи користење средства најмногу до една третина од расходите во првиот квартал во претходната година
Државниот буџет во себе ги вклучува централниот буџет и буџетите на фондовите
Централниот буџет е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства на буџетските корисници
Буџетите на фондовите ги опфаќаат финансиските планови на Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување
Државната каса има општ, посебен и развоен дел
Општиот дел се однесува на вкупните приходи и расходи и глобалните проекции за нив
Посебниот дел на планот на одобрените средства на буџетските корисници и фондовите по програми за фискалната година
Развојниот дел ги опфаќа плановите на програмите за развој на буџетските корисници
Буџетските корисници можат да бидат од прв или втор ред од законодавната, извршната или судската
На пример Министерството за образование е буџетски корисник од прв ред од кој подоцна се финансираат универзитетите
Тие можат да вршат прераспределба на средствата кои ги добиле
Прераспределбата за централната власт ја одобрува министерството за финансии
Основна цел при подготовката на буџетот е макроекономска стабилност и одржлив и стабилен економски развој
Министерството за финансии води сметка за одобрените средства со буџетот и реализацијата на приходите и расходите
Преку трезорот се води евиденцијата на сите приливи и одливи од буџетот
Секој буџетски корисник мора одговорно да ги троши народните пари и за тоа одговара пред законите
Граѓаните мора да имаат увид во трошењето па затоа потребна е целосна транспарентност на институциите кога станува збор за трошење на буџетските пари

Финансиска писменост: Буџет

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.