Скијање на лица со попреченост

„Иако немам вид, јас сум способен да скијам.“ Блаже Зафиров (учесник на обука)
Блаже Зафиров (17) и Кристијан Лазарев (24) имаат оштетен вид
но тоа не ги спречува да уживаат во скијањето
На обука во Маврово ги надминуваат стереотипиите за лицата со попреченост

„Одам редовно, во теретана, пливање, планинарење. Но, никогаш се немам занимавано со скијање.“ Блаже Зафиров (учесник на обуката)

„Јас лично научив многу пред сè. Научив како се местат скиите, значи, она што е најосновно. Научив како да ги управувам, научив како да го држам телото. Сè што можеше да се научи во три дена, како почетник, верувам дека го научив.“ Кристијан Лазарев (учесник на обуката)
Експерти од Англија втора година по ред обучуваат наши скијачки тренери во Маврово

„Да направиме лицата со попреченост да сфатат дека спортот е достапен. Особено спортот со скијањетo. Затоа што во минатото, многу лица со попреченост, баш поради тоа што се со некаква попреченост, не можеле да бидат активни во некој спорт. Сега не е случај, затоа што, лице со попреченост може да научи или да почне да скија било кој. Кристофер Деј (тренер)
Со инструкторите од странство, дојде и Марк, потполно слепо лице кое ги демонстрираше вештините на скијањето
Тука оди атмосфера од скијањето на Марк, со инструкторот.
Во зависност од попреченоста, во скијањето опремата се адаптира за потребите на лицето

„Во нашата земја воопшто не ни постоеше адаптивно скијање. Адаптивносто скијање го започнавме јас и Јане Стефанов, со тоа што започнавме да скијаме во ски „Ресортот Маврово“. Бевме поттикнати за тука да го развиваме овој спорт и од лани веќе за првпат имавме експерти коишто обучуваа повеќе наши тренери. Поточно, девет тренири. Коишто од оваа година веќе работат со лица со попреченост.“ Вангел Тркаљанов (претседател на Здружение „Без ограничувања“ и организатор)

Скијање на лица со попреченост

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.