Бернајс пропаганда добија 4.200 евра поддршка од Министерството за култура за проект за кој воопшто не конкурирале.

Бендот Бернајс Пропаганда доби 4.200 евра поддршка од Министерството за култура за проект за кој воопшто не конкурирале
Членовите на групата не биле информирани дека воопшто ќе се конкурира за концерт во филхармонијата
Се изненадиле кога го виделе името на бендот како добитник на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес
Сега ние, признаени од македонската јавност како најсветлиот пример на моќта на изразувањето, kога се спојуваат рациото и духот ќе се обидеме да истражиме со помош на нашите пријатели, којшто тоа им е работа и којшто волонтерски ова ќе го направат, без големи помпи, Васко Атанасоски (Бернајс Попаганда)
На состанокот со раководството од Македонската филхармонија не добија одговор
Тој состанок беше на ниво на она знаеш, несреќна љубов, па семејствава се обидуваат културно да го решат проблемот, тоа беше вчера. Нормално, семејствата кажаа дека нивните се најдобри, дека не се криви. Меѓутоа, има суд, има Господ, се надевам дека има и човек тука, а пред да отидеме кај Господ и суд, да отидеме кај човек, Васко Атанасоски (Бернајс Пропаганда)
На Конкурсот биле поддржани проекти од претходното и од новото раководство на Македонска филхармонија
Јас предлагам тие пари да му ги дадеме на Венцо, фудбалерот на Вардар којшто сега се бори за својот живот, Васко Атанасоски (Бернајс Пропаганда)
Од Бернајс Пропаганда најавуваат дека ова ќе им биде дополнителна инспирација за 5-тиот студиски албум

Бернајс пропаганда добија 4.200 евра поддршка од Министерството за култура за проект за кој воопшто не конкурирале.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.