Анимација: Баратели на информации

Секој граѓанин има право да биде информиран, да знае како фукционираат институциите на локално и на централно ниво и други правни и физички лица кои вршат дејности од јавен интерес или имаат јавни овластувања.
Да знае како се трошат јавните пари, кои се неговите права и како може да ги оствари.
Јавните информации се јавни, а не тајни. Вие имате право да бидете информирани. Вие имате право да знаете!
Но, како можете да ги добиете бараните информации?
Едноставно. Искористете го бесплатното право на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Секој граѓанин може да побара информации одситедржавниинституции, нацентрално и налокалнониво и други правни и физички лица кои вршат дејности од јавен интерес или имаат јавни овластувања.
Барањето можете да го поднесете усно, писмено, или по електронски пат.
Одговор треба да добиете во законски утврдениот рок од 20 дена.
Информациите можете да ги добиете на неколку начини.
Можете да извршите увид во информациите кои ги барате, да добиете фотокопија, препис или да ги добиете во електронска форма во вашето електронско сандаче.
Ако не добиете одговор во законски утврдениот рок или ако не сте задоволни од одговорот, имате право на жалба.
Жалбата се поднесува во рок од 15 дена до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Искористете го Вашето право за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Вие имате право да знаете!

Анимација: Баратели на информации

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.