КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

ВРАБОТУВАМЕ ВИДЕО МОНТАЖЕР

За Види Вака

Види Вака осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории основани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство. Ние сме современ медиум кој им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродостојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.

Веќе шест години сме посветени на раскажување на приказни што вредат. Создаваме приказни кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ги раскажуваме приказните на луѓето кои се невидливи за институциите, на поединците кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат. Се водиме од мислата дека за вистински да имаш право на слободно мислење и изразување треба да имаш и можност да бидеш слушнат.

Нашиот медиум расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес како би направиле промена во општеството. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. Отворени сме за кандидати кои се креативни и ориентирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и визуелни раскажувачи на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од медиум кој е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

За работната позиција

Видео монтажерот е одговорен за монтажа на сировиот видео материјал во визуелна приказна со користење на графичка обработка на текст и подвижна графика. Тоа го прави во тесна соработка со новинарите/раскажувачи те, продуцентите, сценаристите, режисерите и уредничката на Види Вака. Примарна задача на видео монтажерот е да создава визуелни приказни според стандардите на Види Вака и да предлага активности за унапредување на визуелниот израз и јазик со цел зголемување на довербата кон брендот и лојалноста на заедницата, како и зголемување на видливоста и препознатливоста на медиумот во јавноста. Истовремено, ги следи најновите трендови и предлага имплементации на истите, тестира различни форми на содржини и визуелни комуникации и иновативни пристапи во визуелното раскажување. За ефектите од својата работа и одговара на уредничката на Види Вака.

Потребно е да ги има следните искуства и вештини

Бараме креативна и одговорна личност со добро познавање на Adobe Premiere и Adobe After Effects. Очекуваме да се одликува со исполнителност, педантност и желба за учење. Да поседува силни визуелно раскажувачки способности. Да биде добро информирана и во тек со најновите трендови во визеулното изразување. Да истражува и предлага новитети.

Пожелно е да ги исполнува следниве услови:

Најмалку 2 години искуство во уредување на видео содржини во Adobe Premiere и Adobe After Effects

Диплома за видео монтажа или друга применлива област на студии. Доколку нема диплома треба да има најмалку 3 години работно искуство како видео монтажер

Одлично познавање на новите визуелни формати и комуникации со акцент на добро познавање на визуелно раскажување и создавање и прилагодување на содржина за социјалните мрежи

Силни комуникациски вештини (пишани и вербални) не само во раскажување приказни преку видео монтажа, туку и со соработниците и колегите

Познавање на различни видео формати

Познавање на 2D анимација ќе се смета за голема предност

Потребно е да ги има следниве лични карактеристики

Самоиницијативност
Одговорност
Желба за професионален развој
Посветеност на наоѓање  решенија

Што нудиме

Добра работна средина
Добра финансиска компезација
Приватно здравствено осигурување
Можност за професионална надоградба на обуки и преку материјали по сопствен избор на трошок на медиумот
Можност за посета на обуки и конференции во странство
Можност за пренесување на своето знаење преку обуки кои ги организира фондацијата ИДЕА ЈИЕ која стои зад медиумот

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се вреднува.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чувство на задоволство.

Како да аплицираш 

Пополни ја следнава форма и испрати ни ја твојата кратка биографија.

 

 

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.