Автопатот А1, кој е дел од меѓународниот автопат Е75, отсега ќе се нарекува „Пријателство“.

Заев и Ципрас во Давос си подадоа рака
Во знак на добра воља Македонија ќе го преименува автопатот „Александар Македонски“
Автопатот А1, кој е дел од меѓународниот автопат Е75, отсега ќе се нарекува „Пријателство“
„Владата ќе го промени името на аеродромот и на автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“. Нашите активности ја покажуваат нашата добра воља. Ова сведочи за фактот дека немаме никакви територијални аспирации кон нашиот сосед. “ (8.00-8.19)
Зоран Заев, Премиер на Република Македонија
Автопатот Е75 е еден од најдолгите во Европа-5639 километри
Започнува во Норвешка, проаѓа низ Македонија и завршува на грчкиот остров Крит
Делот во Македонија порано беше крвотокот на СФРЈ познат како „Братство и единство“
Со одлука на Владата во 2008 беше преименуван во Александар Македонски
Се чека одлука на Владата за новото име по што ќе се менуваат таблите долж автопатот долг 173 километри

Автопатот А1, кој е дел од меѓународниот автопат Е75, отсега ќе се нарекува „Пријателство“.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.