Автоматски семафори

Загадувањето во Скопје би можело да се намали и со едноставни решенија како што се семафорите со копчиња
Ова е решението кое во научен труд го нудат професорот Кирил Сотировски од Шумарскиот факултет при УКИМ и неговиот соработник Бошко Цветковски
Тие докажаа дека на пешачките премини каде има автоматски семафори има непотребно запирање на возила дури и кога нема пешаци
Непотребното застанување на возилата доведува до потрошувачка на гориво и до поголемо загадување
Резултатите од нивното мерење покажале дека на 12 пешачки премини (неврзани со крстосници) на годишно ниво во Скопје непотребно застануваат речиси 10 милиони возила
Проектирале дека има непотребна потрошувачка помеѓу 126.798 и
373.253 литри гориво само на овие 12 пешачки премини
Употребата на семафори со копчиња на улици како што е Илинденска би значело дека возилата ќе застануваат само кога има пешаци
Тоа тоа ќе се зголеми протокот на возила, но и ќе се намали загадувањето на воздухот

Автоматски семафори

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.