Холандска амбасада: Антхура

Во Македонија се регистрирани преку 180 компании од Холандија

Најголем дел се инвестиции во земјоделието, текстилната индустрија, туризмот и ИТ секторот

Во Кочани се наоѓа Антхура Македонија, подружница на глобалната хортикултурна компанија од Холандија Антхура Интернационал

Антхура произведува цвеќиња во Холандија, Кина, Германија, а од 2014 година и во Македонија

„На почетокот имавме околу 20 вработени и до денес го зголемивме тој број на 515 вработени. Првата година извезовме околу 7.5 милиони растенија, а бројката сега порасна на преку 30 милиони растенија“

Орхидеите и Антуриумите произведени во Македонија се извезуваат во преку 70 земји

Антхура МК досега инвестирала преку 15 милиони евра и планира да вложува и во иднина

Процесот на производство е со најсовремена технологија, во контролирани климатски услови, во чиста, незагадена, асептична средина

Холандската фирма нуди одлични услови за работа и го заживеа цел регион околу Кочани

Она што нам ни е потребно е Владата да соработува со бизнис секторот, не против него, туку со него. Владата треба да ги одреди правилата на игра и потоа да се оддалечи и дозволи бизнисот да ја игра играта. Мислам дека амбасадата на Холандија знае како да ја пренесе таа порака која е важна за бизнисот, Владата да разбере дека бизнисите се тука и дека не само што Антхура профитира од тоа што е во Македонија туку и целокупниот регион.

Холандска амбасада: Антхура

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.