Груевски пријавил дека нема недвижен имот, туку само пари и уметнички слики.

Анкетни листови

Антикорупциската комисија ги објави имотните листови на новите пратеници во парламентот.

Најмногу внимание привлекоа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

Груевски пријавил дека нема недвижен имот, туку само пари и уметнички слики.

Има 48.265 евра, 7.318 швајцарски франци, 250 долари, 600 британски фунти и 10.036.572 денари (163.196 евра).
На функцијата премиер стапи со имот од 43.000 евра, како најсиромашниот човек во Владата.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на име на родителите пријавил недвижен имот од 430.000 евра.

Тој пријавил дека има:

• Куќа од 400 м2 во Струмица
• Нива од 4 хектари во селото Муртино
• Деловен простор од 60 м2 во Струмица
• Стан од 65 м2 во Струмица
• Акции во вредност од околу 200. 000 евра.
Заев пријавил и личен имот од 70.000 евра, даден на заем, а на име на децата има орочен девизен депозит од 26.000 евра .
Груевски и Заев немаат заеми или кредити.
Ова „задоволство“ и го препуштија на државата, која има јавен долг од 5 милијарди евра.

Груевски пријавил дека нема недвижен имот, туку само пари и уметнички слики.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.