Заев за амнестија

Има ли конзистентност во ставовите на премиерот Заев за 27 Април и за владеење на правото?

Од категорично отфрлање до можен Закон за амнестија и концепт за национално помирување

На почетокот Заев размислуваше единствено дека сите треба да одговараат за своите постапки

Донесување на Закон за амнестија за настаните од 27 Април. Веројатно прво ќе ми се свртат овие луѓе против мене. Ако не се свртат тие луѓе веројатно овие пред мене ќе се свртат. Вие новинарите и камерманите. Но никој од нас да не се сврти против мене ако се приклучам на таква работа граѓаните ќе ми се свртат.

Јас верувам дека никој не размислува за тоа. Дури и ако размислува за тоа убаво е да се откаже од тоа размислување.

Убеденоста дека правната држава и законот мора да важи за сите, на крајот ја гарантира и оваа лузна која најверојатно ќе ја носам до крајот на мојот живот.
Законот има да важи еднакво за сите. Па ако сака нека е мојот прв соработник, или мојот прв член на семејството кој е до мене

Сега е со став дека е можна делумна амнестија за оние кои не вршеле насилство во собранието

Сите што учествувале во ненасилството и не биле дел од организаторите внатре, немам проблем да преку нив го направиме помилувањето и помирувањето, заради иднината на државата…Со Закон за амнестија или донесување одлука во парламентот, согласно надлежностите на парламентот.

Одличен момент е да си простиме и да се помириме. Испраќам порака на помирување и простување за 27-ми април и настаните што се случија.

Заев за амнестија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.